Foursquare стигна до 100 милиони чекирања
Foursquare преку Twitter го објави своето 100 милионитото чекирање. Тристан Валкер, главниот за бизнис во друштвената мрежа за одбележување локација, вчера твитна дека е стигнато до значајната бројка.
Foursquare преку Twitter го објави своето 100 милионитото чекирање. Тристан Валкер, главниот за бизнис во друштвената мрежа за одбележување локација, вчера твитна дека е стигнато до значајната бројка.
Најновиот трејлер Social Network содржи неколку сцени од филмот и се гледа дека има доста интересен заплет. Знаете како оди со вакви филмови: љубов, измама, расправија, тужба од 600 милиони од најдобриот пријател, почеток на друштвена мрежа која потоа ќе го освои светот...
Денешен стартап може да биде утрешниот Google или Facebook. Подолу се неколку стартап компании и сервиси од две натпреварувања, ТechCrunch Distrup и Startup 2010.
Facebook и Zynga, креаторот на FarmVille, MafiaWars и други популарни апликации, се договорија на пет годишно стратешко партнерство за користење на Facebook кредитите за виртуелни добра од апликациите, и со тоа ставија крај на шпекулациите дека Zynga ќе стартува сопствена платформа.
Веќе не е прашање дали сме на некоја друштвена мрежа, туку како ја користиме - Eрик Калман, автор на Socialnomics.
SlideShare, популарниот сервис за објавување презентации, документи и .pdf на веб, воведува опција за закачување на професионални видеа. Пости 500 MB лимит на закачување и можат да се закачат до 5 видеа месечно.
Од организирање протести до објавување на најновите продукти и наоѓање пријателства, Facebook стана важен фактор во секојдневието на околу 692.000 корисници од Македонија. Тоа значи дека за само два месеци, од фебруари, додатни 150.000 луѓе си отворија профил. Неверојатно, скоро 1/3 од Македонија е на Facebook.
На f8 конференцијата за девелопери се најавија доста промени на Facebook, од гасење на Facebook Connect и претставување на кредитите и нови правила за приватност, до претставување на Community Pages и Open Graph протоколот...
Facebook го промени „Become a Fan" копчето со „Like" кое ја има истата функција како и станување фан на нешто, но иако звучи исто сепак е различно од другото „Like“ кое се клика кога ви се допаѓа некој пост од вашите пријатели.
Десеттина држави во писмо до Ерик Шмит, директорот на Google, го изкажаа незадоволството за приватноста на Buzz, најновата друштвена мрежа на Googlе, и Street View и побараа од интернет гигантот да воведе принципи за приватност кои ќе бидат пример за другите.
Надополнето 01.07.2010: Мicrosoft престана да ги работи на Kin мобилните телефони кои беа претставени само пред 3 месеци, велејќи дека се фокусира само на Windows Mobile платформата префрлувајќи го својот Kin тим во тој одол. Неофицијално се шпекулира дека само 500 Kin се продадени.
За само 4 години по основањето, Twitter како релативно млада и непозната друштвена мрежа стигна до неверојатна бројка. Не се работи за милиони твитови, ниту за милијарда, туку за 10 милијарди твитови.
Facebook воведува опција да си одберете кој да ја гледа вашата содржина од апликациите на Facebook и содржина од сајтовите и сервиси кои користат Facebook Connect, со цел корисниците да имаат поголема контрола врз содржината, односно да имаат можност да одберат со кого ќе ја споделуваат.
Десетици милиони луѓе дојдоа на Google Buzz, генерирајќи 9 милиони постови и коментари. Плус скоро има 200 поста по минута од мобилните телефони, вели Google во блог пост во кој реагира на критиките за сервисот кој беше објавен само пред 3 дена.
Google го стартуваше Buzz, сервис налик на друштвените мрежи интегриран како додаток на Gmail сервисот... Во пракса Google Buzz е многу налик на Facebook, имате "like" опција, оставање коментари, споделувате слики, видеа, линкови, сите постови можете да ги праќате на другите корисници преку мејл или на тие што ве следат... Знаејќи го тоа прашањето е зошто да сте на Buzz кога веќе сите контакти и пријатели ви се на Facebook? За да биде понезгодно во моментот можете да праќате пораки само од Twitter нa Google Buzz, но не и обратно, а нема никаква интерграција со Facebook. Нема постирање ниту пренесување Facebook постови.
Facebook доби поклон за својот 6-ти роденден - 400 милиони корисници, од кои над 550.000 корисници се од Македонија! Пред само два месеци, на почетокот на декември, друштвената мрежа имаше 350 милиони корисници. Сега откако го доби својот поклон Facebook ги чести и корисниците.
Facebook e огромен на Балканот. Друштвената мрежа за само 1 година доживеа огромен раст со двојно, некаде и тројно зголемување на бројот на Facebook корисници во балканските земји. Од над 350 милиони корисници ширум светот околу 23 милиони се од Балканот. Интересно е што иако Турција има над 17.5 милиони Facebook корисници, Грција има над 2 милиони, Србија има 1.5 милиони, Хрватска и Бугарија скоро 1 милион... сепак aко се спореди бројот на Facebook корисници со бројот на популацијата, бројките велат дека друштвената мрежа е најпопуларна во Македонија.
Имам 5.000 пријатели што е максимум на Facebook, а јас имам уште 7.000 кои сакаат да ми станат пријатели, вели новиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ кој освои 60% од гласовите во вториот круг на 11 јануари.
Можеби изјавата има смисла доколку се знае за неодамнешните соработки на неколку друштвени мрежи со интернет пребарувачите Google и Bing кои внесоа пребарување во реално време во своите пребарувачи. Но додека твитовите од Twitter се најдоа меѓу резултатите на пребарувањето, Facebook статусите беа изоставени бидејќи Facebook сепак е приватна затворена мрежа каде луѓето споделуваат со пријателите. Марк Зукенберг, основачот на најпопуларната друштвена мрежа, во интервју на Crunchies настанот изјави дека доколку Facebook стартува сега ќе биде јавна мрежа бидејќи сега имаме нови стандард - тоа е јавно споделување на информации.
Сигурно се изненадивте од пораката за промена на приватноста со која ве пречека Facebook кога се логиравте на мрежата? Се работи за „Publisher Privacy Control“ промени со кои друштвената мрежа планира да им даде на 350-те милиони корисници поголема контрола врз нивната приватност и содржината која ја објавуваат.