0 коментари 2 мин. читање 18 мај, 2010

FarmVille останува на Facebook

Zynga ги има едни од најпопуларните апликации на друштвената мрежа. Пример FarmVille има над 75 милиони корисници на месец, Texas HoldEm Poker има над 28 милиони корисници на месец, MafiaWars има над 22 милиони… вкупно Zynga има околу 230 милиони корисници месечнo, а околу 60 милиони корисници дневно. Заради популарноста на игрите се шпекулираше дека гејминг компанијата ќе стартува своја платформа за да не плаќа 30% поради користењето на Facebook кредитите. Впрочем FarmVille може да се најде и на независен сајт.

Но, во официјалното известување Zynga ја искажа наклоноста кон друштвената мрежа, која ќе остане примарната платформа за игрите.

„Facebook беше пионир во отворањето на платформата во 2007 и за само три години десетици милиони Facebook корисници ги играа нашите игри секој ден, од FarmVille и Café World до Treasure Isle и Mafia Wars. Возбудени сме заради оваа долгогодишна соработка и се надеваме на добра соработка со нив и други платформи за да го донесеме друштвениот гејминг до корисниците ширум светот.” рече Марк Пинкус, основачот на Zynga.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top