Првото натпреварување е организирано од познатиот ИТ блог TechCrunch на кое победи Soluto, продукт кој ви го подобрува работењето на компјутерот, односно го набљудува компјутерот и советува како да ги остраните промлематичните апликации. Soluto ги користи искуствата на корисниците да го најде проблемот.
Друг интересен стартап од Distrupt натпреварувањето е АppBistro што е всушност пазар на апликации зa Facebook. Таму ќе најдете најразновидни апликации за да си го персонализирате вашиот Facebook профил или страната, додавајќи елементи кои ги интергират другите веб сервиси во друштвената мрежа.
Интересен стартап е и Betterment веб базирана банкарска сметка која е лесна за менаџирање и со преку која можат да се инвестира. Интересен стартап е и VideoGenie, софтвер кој автоматски креира компилации од кориснички видеа кои зборуваат за одреден продукт. Слична стартап идеја кој се фокусира на поширока публика е KeenKong кој ги сегментира според теми разговорите од Twitter и Facebook и со тоа овозможува полесно да се рагира на коментарите. Целата листа на учесници на TechCrunch Distrupt.
Второто натпреварување за стартапи e Startup 2010 на Buziness Insider. Таму победник е RedBeacon-сервис кој им помага на потрошувачите да ги споредат цените, услугите, корисничкото искуство на локални бизниси и да излезат со подобра зделка.
Интересен сервис е Udemy кој е бесплатен едукативен сервис каде професорите можат да закачат едукативни материјали и да држат видео предавање во живо. Сервисот може да интегрира и содржина од други веб сервиси или друштвени мрежи.
На Startup 2010 е можеби и најинтересниот стартап од сите. GoTryiton е сервис каде ќе добиете мислење како ви/им стои најновиот блузон или сукњиче и дали треба да го носите, на пример на пикник. Закачувате слика, прашувате што ве интересира и добивате еден куп мислења од другите корисници. Секако дека и вие можете да му помогнете на некој. Повеќе за StartUp 2010 ќе најдете на овој линк.
(насловната слика е превземана од Flickr)
Don’t you understand that this is correct time to get the loan, which will help you.