0 коментари 2 мин. читање 14 јануари, 2010

Новиот хрватски претседател има проблеми на Facebook

Најверојатно тој не сака да ги одбие сите тие пријатели, но Facebook нема намера да го тргне лимитот така да му останува да комуницира со сите пријатели преку неговата фан група која брои над 29.000 фанови. Facebook во Хрватска има близу 1 милион корисници.

„Facebook е одличен начин за комуникација.“ вели г-дин. Јосиповиќ кој покрај политиката се занимава и со класична музика. Тој рече дека неговата опера, инспирирана од Џон Ленон од Битлси, најверојатно ќе биде готова до 2011 година.

Друштвените мрежи стануваат популарни меѓу политичарите поради можноста за ефективна промоција како и директна комуникација и интеракција со електоратот. Од македонската политичка сцена, сличен проблем со лимитот има и Радмила Шехеринска која има 4.927 пријатели на својот приватен Facebook профил. Таа има само 2.400 фанови на својата фан група.

Што е разликата меѓу приватен профил и фан страна можете да прочитате тука „Зошто Facebook Page, а не личен профил за твојот бренд

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top