Преку 50% од светската популација е под 30 години. 96 отсто од нив отвориле профил на друштвена мрежа. Друштвените мрежи ја надминаа порнографијата како број 1 активност на интернетот на кој сега се закачени 1.6 милијарди луѓе. Еден од осум брачни парови во САД се запознале преку друштвена мрежа. Ако ви даваат по 1 долар за секој постиран текст на Wikipedia ќе заработувате 1.712 долари… на час! На телевизијата и требаше 13 години да допре до 50 милиони корисници. На Facebook? 200 милиони за помалку од 1 година….
Подолу е најновото, надополнето со нова статистика, Social Media Revolution видео каде ќе најдете уште неверојатни бројки како друштвените мрежи и интернетот комплетно го променуваат начинот на кој комуницираме, учиме, купуваме, се вработуваме и споделуваме информации.