Веб

2.567 написи

Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Веб. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Свет

Google ги спои САД и Јапонија со 60Tbps подводен транс-пацифик интернет кабел

Google и пет партнери во 2014 година инвестираа 300 милиони долари во подводен кабел со брзина од 60 терабити во секунда (60 милиони Mbsp) со должина од 9.000 километри. Конечно денес овој систем е оперативен. Кабелскиот систем е наречен Faster и го спојува Орегон со две точки во Јапонија, Чиба и Мие. Капацитетот на кабелот […]

1 коментар Прочитај 1 јули, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Мобилни

Twitter влегува во проширената и виртуелна реалност

Twitter ќе ѝ посвети поголемо внимание на виртуелната реалност во следниве неколку години. Компанијата го ангажираше Алесандро Сабатели од Apple за директор на одделот за проширена и виртуелна реалност, јави Uploadvr. Г. Сабатели најверојатно ќе треба на друштвената мрежа да ѝ помогне со создавање на кориснички интерфејс кој ќе ја подготви платформата за напредок во […]

1 коментар Прочитај 29 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Софтвер

Дали BitTorrent го има решението да спречи пиратирање на музика?

Новиот сервис од BitTorrent овозможува стрим на видео и музика во живо, која на дел од креаторите на видео содржина и музичари ќе им помогне со дистрибуција на своите содржини. Платформата работи со помал број на музичари со кои има договор, а музичарите се исплаќаат преку рекламите кои BitTorrent ги прикажува заедно со содржината. Најголемиот […]

0 коментари Прочитај 28 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб

Што се случува кога ќе одговорите на спам пошта? Многу, многу забава!

Луди работи се случуваат кога одговарате на спам пораките, вели Џејмс Вич, кој повеќе од три години одговара на куп пораки од измамници кои го убедуваат да се „раздели“ од парите. Сите добиваме спам, и повеќето од нас го игнорираат. Но, ова видео ќе ви покаже што се случува кога ќе им одговорите на скамерите.

2 коментари Прочитај 28 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Софтвер

Dropbox сега ги дигитализира хартиените документи

Dropbox продолжува да биде најдоброто веб складиште на пазарот, со претставување на нови функционалности кои ќе ја олеснат работата меѓу корисниците и компаниите. Една кул опција е што сега ќе може да ја користите мобилната апликација да ги скенирате документите. Без разлика дали станува збор за нацрти на салфетка или интересни статии, налик на постоечката […]

0 коментари Прочитај 23 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб

SiteSee е онлајн галерија за прекрасни вебсајтови

Ако ви недостасува инспирација за дизајн на вашиот сајт, тогаш можете да ја побарате на SiteSee, своевидна онлајн галерија на прекрасни модерни вебсајтови која може да ви помогне со идеи. Модерните вебсајтови освен функционалноста, мора да внимаваат и на дизајнот. Примероците на SiteSee се предложени од корисници, но најдобро дизајнираните се внимателно избрани. Посетителите потоа […]

0 коментари Прочитај 23 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Софтвер

Видео реклами за сите! YouTube Director е бесплатна алатка за креирање на реклами

Освен ако немате талент кој ќе привлече милионска публика, тогаш единствениот начин за заработка на YouTube се видео рекламите. За жал, видеата се скапи, и за нивно креирање треба да се најмат професионалци. Но, видео сервисот го претстави YouTube Director кој треба да им помогне на малите бизниси за создавањето на визуелно атрактивни реклами на YouTube. […]

0 коментари Прочитај 21 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Мобилни

Google ќе препорачува апликации кои ви се потребни според локацијата

Play Store има над милион апликации и пронаоѓањето на апликациите кои ни се потребни понекогаш е повеќе работа на среќа и информираност, отколку на упорност. Но, Google ќе го смени ова со нова функционалност на Android, и ќе се обиде да ни помогне да ги пронајдеме апликациите кои ни се потребни, кога ни се најпотребни. Она што […]

0 коментари Прочитај 10 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Друштвени мрежи

Ги знаеме сите ваши тајни, вели Стив Хoфман од Reddit

Стив Хофман, ко-основачот на Reddit, вели дека нема дилeма околу монетизацијата на сервисот. Таа мора да биде преку реклами, но предноста на Reddit е што знае како да ги таргетира тие реклами. Г. Хофман беше говорник на неодамнешната TNW конференција, на која освен финансирањето, зборуваше и за дизајнот на Reddit и за предизвиците кои сега […]

0 коментари Прочитај 8 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Мобилни

Мери Микер: Состојбата на интернет денес, и што нѐ очекува во иднина

Бројот на интернет корисници во минатата година достигна 3 милијарди, вели инвеститорката и аналитичар Мери Микер од Kleiner Perkins Caufield & Byers. Станува збор за пораст од 9 отсто што е помал од минатата година. Можеби најдобар показател за кој е наголем двигател на новите приклучоци е што доколку се исклучи Индија, бројот на нови корисници се […]

0 коментари Прочитај 6 јуни, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб

Flare е сервис за споделување на бизнис идеи, стартуван од GoDaddy

Еден од најголемите регистри за веб домени, GoDaddy, креираше мобилна апликација која ќе им помогне на претприемачите да ги презентираат своите идеи и да добијат фидбек од корисниците. Ако сте некој кој има стотици идеи на ден, за кои ви е тешко да одредите дали е добра или лоша идеја, тогаш платформата на GoDaddy може […]

0 коментари Прочитај 27 мај, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Хардвер

Oд музеj на Интернет со супер-камерата на Google

Google работно го прославува Светскиот ден на музеите. Компанијата поодамна ја претстави камерата со супервисока резолуција Art Camera, која ќе овозможи преглед на сите уметнички дела до најмал детал, и гледање на повлекувањето на секое влакно на четкичката. Компанијaта досега произведе 20 вакви камери со кои скенираа 1.200 уметнички дела од музеите.

0 коментари Прочитај 20 мај, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб

Наједноставниот тест за интернет брзина доаѓа од Netflix

Netflix претстави нов и наједноставен „speed test“ досега. Tреба само да го отворите Fast.com, и да ја видите вашата интернет брзина. Сервисот е интересна алатка која одлично се користи на мобилен телефон, и без сомневање е еден вид провокација на Netflix кон провајдерите кои ја ограничуваат брзината на нивните видеа. Во оваа насока е и советот до […]

0 коментари Прочитај 19 мај, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Мобилни

Од Home, часовници и чет апликации… Што претстави Google на I/O 2016?

Првиот Google I/O по ребрендирањето на Google во Alphabet не понуди ништо поразличен формат во презентациите. Kомпанијата сепак успеа да нè изненади.   Покрај сето што го знаевме за Android N досега, тешко беше да се претпостави дека виртуелната реалност ќe биде во фокусот на новиот оперативен систем. Според Google, најголемите производители работат на телефони кои […]

0 коментари Прочитај 19 мај, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Софтвер

Google AI сега учи да пишува креативна поезија

Откако научи да игра Go, вештачката интелегенција на Google почна да „учи“ да пишува. Новиот експеримент доаѓа од Google Brain, а истражувачите се надеваат дека откако ќе „прочита“ 2.865 љубовни новели, Google AI и самиот ќе напише некоја драматична поезија, пренесува Quartz. Истражувачкиот тим внесе над 11.000 неoбјавени книги, од кои најголем дел од книгите […]

2 коментари Прочитај 18 мај, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Мобилни

Една апликација за сè: Google ги комбинира Chrome, YouTube и Search во Spaces

Spaces е нова апликација од Google која овозможува споделување на содржини со пријателите и потоа коментирање на истите. Разликата помеѓу социјалните мрежи и платформата е во тоа што во Spaces се интегрирани и пребарувачот на Google и YouTube, па може да пронајдете и споделите содржини директно во апликацијата. „Сакавме да создадеме подобра околина за споделување, затоа […]

0 коментари Прочитај 17 мај, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб ИТ.ЕУ

„Балканскиот Amazon“ во 2016 ќе стартува во Словенија, подоцна во Србија

До крајот на 2016 година „балканскиoт Amazon” ќе стартува во Словенија, a во 2017 година ќе влезе и во Србија, вели Тарек Зитоун од хрватскиот гигант за претпродажба Agrokor. Компанијата неодамна го отвори Abrakadabra најавуван како „регионален Amazon“, а целта ќе им биде онлајн продажба во целиот регион. Засега компанијата продава исклучиво во Хрватска, а пет […]

0 коментари Прочитај 17 мај, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Мобилни

WhatsApp конечно ќе додаде видео повик

Еден од наjпопуларните сервиси за разговор, WhatsApp, наскоро ќе додаде видео разговор. Функцијата сè уште е во бета фаза, но наскоро би можела да се најде и на активната верзија, вели Android Authority. Викендот дел од корисниците забележаа промени во копчето за аудио повик, по неговото притискање можеа да одберат помеѓу видео и аудио повици. Дел […]

0 коментари Прочитај 17 мај, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб

PayPal нема да ги штити корисниците од неуспешeн краудфандинг

На PayPal му здодеа да ги исплаќа корисниците кои бараат враќање на пари од лоши краудфандинг кампањи. Сервисот од сега нема да ги штити трансакциите за краудфандинг проектите, но и за онлајн коцкарниците и исплатите до владините агенции. Заштитата за краудфандинг е во склад со ризиците, па PayPal не може да биде гарант кој ќе […]

0 коментари Прочитај 12 мај, 2016
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Мобилни

Opera за iOS сега има вграден VPN сервери

Најновата верзија на Opera за iOS на своите корисници им овозможува бесплатни VPN сервери. Со ова компанијата ја додава истата функционалност од десктоп верзијата и на мобилната верзија. Засега нема најава за Android верзија. Заедно со овој новитет, Opera додаде нови локации за VPN. Освен САД, Канада и Германија, кои беа достапни и претходно, сега […]

0 коментари Прочитај 12 мај, 2016
Мени
Заедница
Изглед
To top