Dropbox продолжува да биде најдоброто веб складиште на пазарот, со претставување на нови функционалности кои ќе ја олеснат работата меѓу корисниците и компаниите. Една кул опција е што сега ќе може да ја користите мобилната апликација да ги скенирате документите. Без разлика дали станува збор за нацрти на салфетка или интересни статии, налик на постоечката Office Lens апликација. За обичните корисници ова можеби и не е преголема надградба, но корисниците на премиум верзијата можат да користат и OCR, што ќе им овозможи скенираните документи веднаш да бидат претворени во текст. Корисниците на iOS апликацијата пак, ќе можат да ја користат за од скеновите да креираат Office документи.
Последната промена направена за индивидуални корисници е можноста за одбирање, бришење и организирање на фотографии. Ќе мора да се приклучите преку десктоп на профилот и од таму да одберете или да ги уредите фотографиите.
За компаниите кои го користат сервисот за креирање на средина за соработка, апликацијата сега овозможува поедноствано споделување на документите. Фајловите ќе можат да се споделат директно од десктоп со десен клик на фајлот или директориумот, а новитет е и можноста за коментирање на делови од документите.
За податоците да не бидат загубени по некоја промена, Dropbox додаде можност за прегледување на претходните верзии на документите. Ова овозможува преглед на сите претходни верзии, пред корисникот и конечно да одлучи да се врати на оваа верзија на документот. Најверојатно една од најкорисните промени е можноста да се споделат документите единствено со одредена група на корисници. Ова ќе овозможи споделување на фајловите наеднаш со повеќе корисници од една група, пример: дизајнери, продуценти или илустратори. За повеќе податоци за последната надградба на Dropbox, рочитајте го блогот на Тод Џексон.