Мери Микер: Состојбата на интернет денес, и што нѐ очекува во иднина

Бројот на интернет корисници во минатата година достигна 3 милијарди, вели инвеститорката и аналитичар Мери Микер од Kleiner Perkins Caufield & Byers. Станува збор за пораст од 9 отсто што е помал од минатата година. Можеби најдобар показател за кој е наголем двигател на новите приклучоци е што доколку се исклучи Индија, бројот на нови корисници се намалува од 9 на 7 отсто. Индија успеа да ги надмине САД и стана втор најголем интернет пазар, зад Кина.

Но, ако ја исклучите Индија, ќе забележите дека растот на бројот на интернет корисници се намалува. Истото важи и за пазарот на паметни телефони. Проблемот вели г-ѓа. Микер е што пенетрацијта на технологијата во земјите во развој е малку потешка задача одошто се очекуваше. Интересно, мотиватор кај корисниците да ги прифатат паметните телефони и новите технологии се апликациите за чет. Секаде низ светот, апликациите за чет се одговорни за сѐ повеќе луѓе што се поврзуваат меѓу себе.

Но, компаниите го испуштаат моментот да инвестираат во мобилни платформи, иако постојат некои проблеми во огласувањето. Видеорекламите се неуспех, дури 81 отсто од корисниците го гасат звукот на видеата. На 63 отсто од корисниците не им се допаѓаат рекламите, што доведува до намалување на допаѓањето и на брендот. Дури 93 отсто од интернет корисниците размислуваат да започнат да користат или веќе користат AdBlock софтвер.

Повеќе податоци од излагањето на г-ѓа Микер, може да дознаете доколку го изгледате видеото или може да ги разгледате слајдовите од излагањето.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments