Од Home, часовници и чет апликации… Што претстави Google на I/O 2016?

Првиот Google I/O по ребрендирањето на Google во Alphabet не понуди ништо поразличен формат во презентациите. Kомпанијата сепак успеа да нè изненади.

 

Покрај сето што го знаевме за Android N досега, тешко беше да се претпостави дека виртуелната реалност ќe биде во фокусот на новиот оперативен систем. Според Google, најголемите производители работат на телефони кои ќе бидат компатибилни со Daydream платформата, и ќе соработуваат со останатите девелопери за адаптирање на мобилните апликации. Со виртуелната реалност, Google повторно ќе се обиде да воспостави минимален стандард за квалитет. За жал, претходниот проект Android One не беше широко прифатен, но виртуелната реалност има поригорозни барања, па за Android N уред да поддржува Daydream VR, екранот на телефонот ќе треба да исполнува услови, а телефонот треба да доаѓа и со потребните сензори.

Allo и Duo се нови апликации за чет кои ги претстави Google, апликациите се поврзуваат преку телефонски број. Allo доаѓа со интегриран гласовен асистент, ова овозможува автоматско пополнување на одговорите додека се допишувате. Апликацијата доаѓа со емотикони кои се со различна големина, корисникот може да пишува врз сликите и потоа да ги испрати, а може и да ги зголеми. Од Google работат на интегрирање со останатите апликации, а се чини дека чет автоматите и вештачката интелегенција сè почесто ќе ги гледаме заедно, откако неодамна и Microsoft и Facebook најавија слични платформи.

За разлика од Allo, Duo овозможува видео разговор. Разговорот е помеѓу двајца соговорници, и доаѓа со end-to-end криптирање. Преку предната камера корисникот кој започнува повикот најпрво „испраќа“ видео, кое кога пристигнува кај другиот корисник, овозможува веднаш да види кој го бара.

Новата верзија на Android Wear 2.0 е можеби најголемото изненадување на Google I/O. Станува збор за потполна надградба на оперативниот систем. Часовникот доаѓа со минијатурна QWERTY-тастатура, која на малиот екран делува барем со ограничена корисност. Google препознава дека најголем дел од корисниците ги користат паметните часовници како фитнес додаток, па оперативниот систем сега е покорисен за спортски активности. Часовникот ќе може да препознае различни видови на вежби во зависнот дали вежбате: фитнес, кардио или вежби за зголемување на силата. Тест верзијата за Android Wear 2.0 веќе им е достапна за девелоперите и можат да започнат да ги прилагодуваат своите апликации.

 

Новата верзија на Android N ќе биде прилагодена и за автомобилите. Android Auto сега ќе се „напика“ во уште повеќе делови на автомобилот. Корисникот ќе може да го користи за контрола на клима уредот, загревање на седиштата, отворање на прозорците и слично. Остатокот на автомобилот, сè што е поврзано со возењето е на посебен систем и не се поврзува со Android, па нема опасност дека по евентуалното пробивање на Android Auto некој ќе има пристап до кочниците или моторот.

 

Иако немаше премногу хардвер на првиот ден, Google сепак претстави неколку уреди. Google Home е „hub“ преку кој може да се управува работата на сите паметни уреди во домот. Уредот е конкурент на Echo и неколку слични уреди, a Home не отстапува премногу ниту од формата на конкуренцијата.  Home е паметен звучник кој може да ги прави сите работи како Amazon Echo, само подобро, вели Марио Куеироз на презентацијата.

Иако Google Home најверојатно е најинтересниот уред кој е презентиран, соработката на Google и Xiaomi  е подеднакво интересна. Двте компании заедно ќе ја освојуваат дневната соба преку Android TV. Новиот најавен уред 4K Mi Box доаѓа со Android TV и 4К поддршка, а она што е позначајно, ова ќе биде првиот Mi уред кој и официјално ќе биде достапен во САД. Што се однесува до телевизорите, официјални партнери на Google за Android TV во Европа се Beko, Grundig и Vestel.

Google I/O трае од 18 до 20 мај, а во живо настанот може да го следите тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk