На PayPal му здодеа да ги исплаќа корисниците кои бараат враќање на пари од лоши краудфандинг кампањи. Сервисот од сега нема да ги штити трансакциите за краудфандинг проектите, но и за онлајн коцкарниците и исплатите до владините агенции. Заштитата за краудфандинг е во склад со ризиците, па PayPal не може да биде гарант кој ќе овозможи злоупотреба и повраток на уплатените средства, пренесе BBC.
Проектите на Kickstarter, но и останатите crowdfunding платформи често имаат проекти кои не успеваат да ги испорачаат работите кои ги ветиле. Неколку кампањи кои успејаа да соберат над милион долари не успејаа да достават своите часовници или дронови кои ги ветуваа да корисниците, а дел од поддржувачите кои парите ги „инвестираа“ преку PayPal си ги побараа средствата назад. По новите промени ова нема да биде случај, па без разлика дали поддржувачите донираат од PayPal, платежна картичка или било која друг платформа, ќе го споделуваат истиот ризик.
„Во Австралија, Бразил, Канада, Јапонија, САД и други држави ги исклучивме исплатите кон краудфандинг кампањи од програмата за заштита на купувачите. Ова е во склад со ризиците на овие кампањи каде не постои гаранција, а ризикот е присутен. Работиме со партнерите да ги предупредат своите поддржувачи за оваа опасност“, велат од PayPal.