0 коментари 1 мин. читање

SiteSee е онлајн галерија за прекрасни вебсајтови

Ако ви недостасува инспирација за дизајн на вашиот сајт, тогаш можете да ја побарате на SiteSee, своевидна онлајн галерија на прекрасни модерни вебсајтови која може да ви помогне со идеи. Модерните вебсајтови освен функционалноста, мора да внимаваат и на дизајнот.

Примероците на SiteSee се предложени од корисници, но најдобро дизајнираните се внимателно избрани. Посетителите потоа можат да одберат да филтрираат по неколку категории, според типот на страница: апликациска, блог или сервис. SiteSee овозможува прегледување на страните и по боите кои се присутни на страниците, што може да биде од огромна помош за веб дизајнерите. SiteSee е активен од пред две недели, а веќе може да разгледате околу 60 веб-страници.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top