0 коментари 2 мин. читање 21 јуни, 2016

Видео реклами за сите! YouTube Director е бесплатна алатка за креирање на реклами

Освен ако немате талент кој ќе привлече милионска публика, тогаш единствениот начин за заработка на YouTube се видео рекламите. За жал, видеата се скапи, и за нивно креирање треба да се најмат професионалци. Но, видео сервисот го претстави YouTube Director кој треба да им помогне на малите бизниси за создавањето на визуелно атрактивни реклами на YouTube.

Director е бесплатна апликација која ќе им помогне на малите и средни компании речиси без маркетинг буџет да ги креираат рекламите. Апликацијата доаѓа со неколку шаблони, музичка позадина и алатки за уредување. Сепак помошта не завршува тука, YouTube додаде уште една функционалност, така сите кои ќе потрошат 150 долари на YouTube реклами ќе имаат можност да ги посети тим кој снима реклами и да сними спот. Иако засега оваа услуга е ограничена на Атланта, Бостон, Чикаго Лос Анџелес, Вашингтон и Сан Франциско. „Една од причините поради кои го правиме ова е што видеото е сѐ поважен медиум на интернет. Денес има многу големи брендови кои имаат видео реклами, бидејќи имаат средства за видео рекламирање. Квалитетот на видеа кај малите и средни компании не е толку добар“, вели Дија Џоли од Google за Adweek.

 

Мала берберница од Лос Анџелес е една од првите компании кои можат да го користат новиот сервис. Компанијата сега има над 73 отсто одѕив на рекламите и 56 отсто зголемување на свеста за брендот, тврди Google. Овие реклами ќе му помогнат и на Google. За разлика до стандардните реклами кои корисниците можат да ги блокираат, видео рекламите пред сѐ во YouTube апликацијата ќе бидат незаменливи. За разлика од Facebook кој оригинално не е видео платформа, YouTube е видео платформа, и најверојатно една од ретките кои можат да му конкурираат на Snapchat кога видеото е во прашање.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top