Една апликација за сè: Google ги комбинира Chrome, YouTube и Search во Spaces

Spaces е нова апликација од Google која овозможува споделување на содржини со пријателите и потоа коментирање на истите. Разликата помеѓу социјалните мрежи и платформата е во тоа што во Spaces се интегрирани и пребарувачот на Google и YouTube, па може да пронајдете и споделите содржини директно во апликацијата. „Сакавме да создадеме подобра околина за споделување, затоа ја креиравме новата апликација Spaces која на луѓето им овозможува да споделуваат и да дискутираат за било која содржина“, вели Google на својот блог.

Spaces наликува на Pinterest со која е многу сличен, иако идејата е да се задржи фокусот на помали групи. Може да покани пријатели да дискутираат преку било која апликација за пораки или преку социјалните мрежи. Google изработи и екстензија за Spaces со која споделувањето на содржини на веб-апликацијата е поедноставно.

Spaces е веќе достапна на iOS и Android, а прв тест апликацијата ќе има на Google I/O, за кога е најaвено креирање на групи во кои ќе можат да се поврзат девелоперите.

00_Posting

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments