Еден од најголемите регистри за веб домени, GoDaddy, креираше мобилна апликација која ќе им помогне на претприемачите да ги презентираат своите идеи и да добијат фидбек од корисниците. Ако сте некој кој има стотици идеи на ден, за кои ви е тешко да одредите дали е добра или лоша идеја, тогаш платформата на GoDaddy може да ви биде од корист.
Во зависност од тоа како ќе ја примените апликацијата, таа може да биде одлична или потполно бескорисна. Користењето е едноставно – „оценувачот“ ги гледа идеите и доколку некоја му се допаѓа, со десен swipe го покажува тоа. Обратно, левиот swipe значи дека не му се допаѓа идејата, како што се прави тоа на популарните апликации за состаноци. Оставањето на дополнителни коментари е можно, и се чини ова е единствен начин да се направи апликацијата корисна. Ако корисниците се одлучат да оценуваат само со „да“ и „не“, тогаш сервисот и нема да биде премногу корисен, бидејќи фидбекот е најважен за оцена на идеите. Доколку биде успешна апликацијата, најверојатно ќе биде интересно решение.
„Сите имаат идеи, но често тие пропаѓаат. Затоа ја создадовме Flare. Сметаме дека е потребнa заедница која непристрасно ќе ги оценува идеите, и ќе се поврзe сo другите и ќе им овозможи да ги прeтворат овие идеи во нешто позначајно. Без разлика дали станува збор само за некои мисли кои ви доаѓаат или животен сон ви е да креирате сопствен бизнис, Flare е првото место кога сакате да го направите следниот чекор.“, вели Рене Раинсберг за Venturebeat.
Flare е веќе достапна на iOS, а до крајот на јуни ќе пристигне и на Android.