Google ги спои САД и Јапонија со 60Tbps подводен транс-пацифик интернет кабел

Google и пет партнери во 2014 година инвестираа 300 милиони долари во подводен кабел со брзина од 60 терабити во секунда (60 милиони Mbsp) со должина од 9.000 километри. Конечно денес овој систем е оперативен. Кабелскиот систем е наречен Faster и го спојува Орегон со две точки во Јапонија, Чиба и Мие. Капацитетот на кабелот е поголем од половина од сообраќајот помеѓу Јапонија и САД во 2015 година.

Дури 10 отсто од капацитетот на кабелот е резервиран за податочните центри на Google, јави Wired. Партнери на Google во оваа инвестиција се: Global Transit, China Telecom Global, Singtel, China Mobile International и KDDI. Ова нема да биде последниот кабел кој го поставува Google, а компанијата не е осамена во подобрување на инфраструктурата. Неодамна Microsoft и Facebook го објавија своето партнерство за изградба на 160-терабитен кабелски систем од Вирџинија до Шпанија.

„Завршувањето на FASTER кабeлскиот систем ќе овозможи капацитет, за да го поддржиме предвиденото четирикратно зголемување на сообраќајот помеѓу Азија и САД. Со додавање на резервна мрежа и минимално доцнење на постоечките кабли во Тихиот океан, го зајакнуваме нашето лидерство во регионот и ја зголемуваме нашата инфраструктура за поддршка на интернет сообраќајот на нашите клиенти“, вели Ои Синг Кит од Singtel.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk