Вести

3.565 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Започна E3 Expo 2011-та, претставени Modern Warfare 3, Kinect игри и Minecraft

Конечно започна најголемиот саем на видео игри годинава - Е3 expo 2011. Годинава прес конференциите можете да ги следите истовремено со присутните во халата на некои од медиумските партнерите на Е3. Закажана за 18:30 прес конференцијата не доцнеше ни една минута. На самиот почеток беше презентирана Call of Duty: Modern Warfare 3.

1 коментар Прочитај 7 јуни, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Свет

Дизајнирајте го нашиот албум и заработите од него – ова е одличниот вирален модел на Kaiser Chiefs

Многу инди бендови се имаат популаризирано благодарение на интернетот и социјалните медиуми, а тие што се веќе популарни, интернетот го користат за промовирање на нивниот нов материјал. Овие бендови не зависат од големите дискографски куќи за да ја промовираат својата музика, оттука поголемиот дел од профитот оди кај нив самите. Но, не е доволно само качување на песна на YouTube, потребна е креативност, а одличните Kaiser Chiefs тоа го имаат.

0 коментари Прочитај 6 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

8-бита против реалноста

Подолу се неколку креации од британскиот дизајнер Алед Луис кој ја измеша реалноста со карактери од познатите, добри и стари видео игри кои ги игравме на првите компјутери.

0 коментари Прочитај 6 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Рецензии Софтвер

Ефикасно и лесно 3Д моделирање со Autodesk Photofly

Photofly е неверојатно лесна алатка за користење на Autodesk Labs, и e кул начин да креирате 3Д модели од разни реални проекти околу вас користејќи сет на фотографии.

0 коментари Прочитај 6 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Стартува Goongula.com, .мк заедница на дигитални уметници

Goongula.com е нов сервис, всушност повеќе е дигитална библиотека на дела од македонски веб дизајнери, фотографи и стрит артисти со нивно портфолио, можност да се коментира и фаворизира, да се споделува. Goоngola.com ја слави креативноста, давајќи му шанса на авторот да се истакне и да го претстави своето дело.

0 коментари Прочитај 6 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

E3 Expo 2011, надминувајќи ја фантазијата

Следната недела започнува најголемиот саем на конзоли и видео игри Electronic Entertainment Expo или Е3. И покрај постоењето на неколку други поголеми саеми за видео игри Е3 се смета за најголем и највлијателен саем за видео игри, конзоли и опрема поврзана со видео игри. Саемот прв пат е одржан 1995, од тогаш до сега се одржува секоја година на крајот на Мај или почетокот на јуни во L.A. Convention Center. Годинава се одржува од 6-9 јуни, а програмата започнува на 6 јуни со пресконференција на Microsoft.

2 коментари Прочитај 4 јуни, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Друштвени мрежи Свет

Кул #turkcelltweet вирална кампања

Брендовите претежно се упатуваат кон Facebook кога сакаат да промовираат нова онлајн кампања, но турскиот телеком Turkcell покажа дека и со помош на Twitter може да се направи одлична онлајн кампања. Turkcell организираше многу креативна кампања користејќи ги можностите, како ретвитови и хаш-тагови, кои ги нуди Twitter.

0 коментари Прочитај 3 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

FaceNiff aпликација со еден клик краде Facebooк сесии

FaceNiff е застрашувачка апликација, слична на Firesheep, но за Android коjа преку Wi-Fi мрежaта ја краде Facebook, Twitter или YouTube сесијата на корисникот на таа мрежа, без врска дали Wi-Fi мрежата е заштитена или не. (tnx до Горјан за потврдувањето)

1 коментар Прочитај 3 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Хак-атак/Приватност

Anonymous украде имејлови од иранските власти, спремаат DDoS напад

Контроверзните интернет активисти и хакери Anonymous објавија 10.000 имејл пораки од иранското Министерство за надворешни работи. Објавените имејлови од таканаречената „Операцијa Иран“ содржат листи од одобрени и одбиени визи и пасоши, покрај други дописки.

0 коментари Прочитај 3 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет Совети

Овој тип го има мојот лаптоп! Корисник го следел крадецот со безбедносна апликација

Џошуа Кафман не само што го сликал крадецот на својот MacBook користејќи безбедносна апликација, туку и стартувал tumblr блог со име thisguyhasmymacbook.tumblr.com со цел да ја мотивира полицијата да реагира.

4 коментари Прочитај 3 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Wikileaks: Власта користи државни институции да влее страв

Според доверлив дипломатски документ, наводно објавен од Wikileaks, американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, пишува дела владата користи државни институции да внесе лојалност и да ги замолчи противниците. Во документот кој датира од декември 2009-та, се вели дека премиерот Груевски го користи судтството и полицијата да внесе партиска дисциплина и да ги замолчи противниците што доведува до „атмосфера на страв“ меѓу политичката елита.

11 коментари Прочитај 3 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Sony хакнат и по петти пат, украдени милион лозинки од Sonypictures

Хакерската група Lulz Security вели дека ги пробиле серверите на SonyPictures.com и украле околу 1 милион кориснички лозинки кои се објавени на нивниот сајт. Sony вели дека го истражува случајот.

1 коментар Прочитај 3 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Зошто брендовите треба да ги сфатат сериозно друштвените медиуми

Клиентот е секогаш во право, дури и кога не е во право. Тоа е мантрата на модерниот бизнис, која со друштвените мрежи станува сериозна идеја која брендовите треба да ја размислат поубаво. Не бидејќи клиентот е навистина секогаш во право, туку бидејќи може да го сподели своето искуство со сите други кои ќе му веруваат повеќе нему бидејќи му се пријатели, отколку на некоја непозната „корпорација“ или „бренд“.

1 коментар Прочитај 3 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

YouTube додаде Creative Commons лиценци во едиторот

Видео сервисот во својот едитор додаде опција за Creative Commons лиценцa кои ќе можат да го заштитат своето име како автор и можност корисниците да пребаруваат видеа по CC лиценци за да ги искористат во некој микс без да прекршат авторски права.

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Oва е новиот и редизајниран Windows 8

Microsoft на D9 конференцијата претстави фотографии од новиот Windows 8 оперативен систем. Како што може да се види од демото подолу, Windows 8, новиот оперативен систем се користи со допир. Microsoft не очекува корисниците да имаат екрани на допир, туку Windows 8 е наменет за таблет компјутерите, исто како и за десктоп компјутерите и лаптопите. Целта е да се креира еден оперативен систем за сите уреди, вели Microsoft за AllThingsD.

6 коментари Прочитај 2 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Twitter ќе ги персонализира сите 1.6 милијарди дневни пребарувања

Тwitter во блог пост претстави комплетно ново кое е порелевантно и содржи фотографии и видео. Исто така го најави и новиот сервис за споделување фотографии кој се пушта постепено и ќе биде достапен за сите корисници во текот на наредниве недели.

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Кина негира дека пробивале Gmail профили на американски службеници

Кампањата со spear phishing и злонамерен софтвер, која ги таргетирала американските службеници, кинески активисти и службеници од азиски земји кои користат Gmail, потекнува од Џинан, град во Кина. Но, Кина негира дека е вмешана во пробивањето на Gmail сметките, додека ниту Google nе ја обвинува Кина бидејќи е лесно да се замаглат трагите на Интернет.

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Intel-овиот музеј за мене

Intel направи кул алатка со која го претвара вашето Facebook искуство во ваша виртуелна музејска егзибиција. Користејќи ги вашите Facebook податоци Intel вади слики од пријателите, ваши фотографи и видеа и ги претставува во музејска визуелизација со музика од мултимедијалниот артист Такаги Масакатсу.

0 коментари Прочитај 2 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Додајте го Google +1 копчето на вашиот сајт, веднаш до Facebook Like

Google +1 копчето за споделување содржина, првин претставено во март, сега започна да се појавува на разни веб сајтови покрај текстовите, веднаш до Facebook Like и новото Twitter Follow копче.

3 коментари Прочитај 2 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

Intel го претстави ултратенките лаптопи – Ultrabooks

Ultrabooks се 2cm тенки 11.6-инчни лаптопи за кои Intel вели дека ќе „ги соединат перформансите и можностите на денешниве лаптопи, со карактеристики на таблет компјутери“.

0 коментари Прочитај 1 јуни, 2011
Мени
Заедница
Изглед