„Не се сомневам дека во Македонија има креативни поединци кои на свој начин се трудат да ги промовираат своите идеи. Од тука е и почетокот за реализацијата на Goongula.com. Да се променат стереотипите за квалитет. Да се разбере дека ако се изработува лого, тоа е многу повеќе од пет минути работа. Дека вреди самата идејa, а после и реализацијата на истата. Дека финалниот производ е повеќе од лого, видеоклип или плакат. Креативноста е процес на реализација, временски најдолг кој понатаму се материјализира.“, вели основачот на Goongula.com, Александар Пешевски а.к.а. MightyCreation.com.
Новиот .мк сервис има неколку категории за разгледување, има опција за оценување, за одбирање на фаворитите, споделување, коментирање и пребарување по автор кој си има свое портфолио со линк до неговата лична веб страна. Најдобрите креативци ќе бидат истакнати на почетна со интервју. Можеби концептуално е сличен на DeviantArt, но е локализиран, наменет е за .мк креативци. Интересно, за секое закачено дело на Goongula.com е потребно да се почека за да биде одобрено. Александар вели дека делата мора да бидат креативни за да се најдат на сајтот и да не бидат копија на претходно дело.
„За реализација на Goongula.com се водев од прашањето – ‘Ако јас имам свој сајт, зошто да поставувам креации на Goongula?’. За да дојдам до одговорот, започнав да барам лични веб страни од дизајнери во Македонија. Изгубив многу време за малку резултати. Посакав да има сајт каде ќе ги најдам сите креативци.“
Дали има, и колку има креативни дизајнери, фотографи, стрит артисти во Македонија?
„Во Македонија има креативци! Некои се дизајнери, некои изработуваат филигран, некои уживаат во уличната уметност, артисти за тетоважи, стрип артисти и најверојатно голем број кој имаат пронајдено поразличен начин на изразување. Другата цел на Goongula е да ја концентрира таа креативна сила на едно место. Да знаат посетителите на сајтот, без разлика дали се потенцијални клиенти или уживатели на оригиналното и квалитетното, да знаат дека тука, на Goongula.com има креативни луѓе и квалитет. Секој посетител со пополнување на формата за контакт од профил страната на секој креативец е во директен контакт со креативецот. Сервисот е бесплатен и достапен за сите заинтересирани.”, вели Александар.
Останува само да продолжaт да БИДAТ КРЕАТИВНИ! Се гледаме на Goongula.com.”