Апликацијата преку Wi-Fi мрежата, за која доколку е заштитена треба да се знае лозинката, ja киднапира Facebook сесијата на корисник кој во меѓувреме ќе се логира на таа мрежа.
Зошто е застрашувачка апликацијата? Па замислете си дека сте во ресторан, канцеларија, хотел… кој и да има заштитена мрежа сепак ја даваат лозинката на своите клиенти од кои еден може само да седи и да собира Facebook сесии. Со киднапирање на сесијата ќе може да се читаат постови дури и да се праќаат Facebook пораки.
Кое е решението? HTTPS! Користете HTTPS логирање на Facebook секогаш кога користите Wi-Fi мрежи на јавни места. Доколку користите Facebook имате добар додаток HTTPS Everywhere.








Или уште подобро – користењe на openVPN за поврзување на јавни мрежи. Така не си зависен само од FFox и додатоци.