Дизајнирајте го нашиот албум и заработите од него – ова е одличниот вирален модел на Kaiser Chiefs

во Свет

За нивниот најнов албум, The Future is Medieval, Kaiser Chiefs подготвија одлична онлајн кампања со многу едноставен концепт кој им овозможува на обожавателите да се вклучат во правење на албумот. Обожавателите можат самите да го дизајнираат омотот, и од 20 понудени песни можат да одберат 10, и сето тоа веднаш да го преземат од вебсајтот на Kaiser Chiefs. Овозможено е бесплатно преслушување на сите 20 песни, и благодарение на одличниот дизајн лесно можат да се преземат оние 10 песни кои најмногу им се допаѓаат.

Интересното е тоа што секој ќе има свој автентичен албум, бидејќи секој ќе си ги одбере оние песни кои најмногу му се допаѓаат и се разбира ќе има свој лично дизајниран омот. Меѓутоа, најинтересниот дел од оваа кампања е тоа што откако ќе го направите својот албум, ви се отвара можност за негово промовирање на веб сајтот. Вашето дело можете да го споделувате преку социјални медиуми, или да го рекламирате офлајн. За секоја копија што ќе ја продадете од вашата верзија на албумот, добивате една фунта.

Ова е навистина одлична маркетинг кампања која покажува дека со малку креативност, независните бендови можат да се борат против монотонијата на големите дискографски куќи.  Овој потег на Kaiser Chiefs сигурно ќе го зголеми интересот за нивниот најнов албум, и ќе го зацврсти нивното присуство на музичката сцена.

(авторот е основач на Bass Infusion)

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk