„Го стартував блогот бидејќи бев фрустриран и сакав мојата приказна да привлече медиумско внимание за полицијата да реагира. За само неколку часа имав илјадници твитови и лајкови на Facebook”, вели Џошуа.
На својот блог Џошуа објаснува како на 21-ви март му е украден неговиот MacBook oд неговиот стан. Тој пријавил во полиција, но немало многу детали освен помош од апликацијата за следење. Hidden е апликација за следење на украдените Mac лаптопи, со можност да собира слики преку камерата на лаптопот, како и скриншотови од тоа што се случува на компјутерот. Во двата месеца додека бил украден компјуретор Џошуа собрал 500 слики од крадецот.
Крадецот бил најден и уапсен благодарение на сликите од Gmail профил кој водел до такси услуга, крадецот бил таксит.




Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.