0 коментари 2 мин. читање 3 јуни, 2011

Кул #turkcelltweet вирална кампања

Целта на кампањата е да го зголеми интересот кај потрошувачите за новите телефони со вклучен интернет на Turkcell. Наградна игра се одвиваше преку live feed, а главната награда е производот кој Turkcell сака да го промовира. Производот е ставен во кутија, а кутијата е покриена со самолепливи ливчиња на кои пишува разни пораки. Корисниците со твитање на пораките напишани на ливчињата полека ја откривала кутијата. Покрај ова имало и најразни други игри, и се разбира за главната награда бил потребен ретвит од некоја позната личност.

Наградната игра траеше 7 дена, 3 часа секој ден, и во тој временски период под хаш-тагот #turkcelltweet имало над 56.734 твита. Благодарејќи на популарноста на играта, многу познати личности од турскиот јавен живот се вклучиле, а многумина од нив имаат по стотици илјади следбеници, па од тука се проценува дека оваа кампања има допрено до 3.6 милиони Twitter корисници.

За подетално да разберете како се одвивала наградната игра погледнете го видеото подоле, и уверете се во моќта на Twitter.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top