0 коментари 1 мин. читање 2 јуни, 2011

YouTube додаде Creative Commons лиценци во едиторот

Creative Commons лиценците како корисна и лесна за користење веб алатка за препознавање и сочувување на авторските права, бараат со секое искористување на видеата да се направи и атрибуција, односно да се спомене оригиналниот автор. Доколку не се почитува CC лиценцата, видеото ќе биде разгледано од YouTube како прекршување на авторските права.

Преку едиторот YouTube корисниците ќе можат да ја користат CC-BY лиценцата која дозволува споделување и ремикс на делото, но секако со наведување на оригиналниот автор. При секое гледање на видео со содржина од друг автор, атрибуцијата, односно оригиналниот автор ќе биде прикажан под видеото.

YouTube во својот едитор додаде и библиотека со 10.000 видеа со CC лиценци од партнери како C-SPAN, Гласот на Америка, AL-Jazeera…

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top