„Владата користи обвинувања за корупција за ‘злоупотреба на функцијата’ или ‘несоодветно однесување како службеник’ против членови на политичката елита во Македонија. Високо рекламирани апсења, притворувања и истраги за сегашни и поранешни министри, партиски членови и членови на опозицијата ја ставија под притисок политичката елита во Македонија да се задржи од противење и критикување на владата на Груевски“, се вели во документот 09SKOPJE601.
Овој документ наликува на многуте доверливи дипломатски документи, над 400-те илјади кои Wikileaks ги пушта постепено од ноември 2010-та. Тоа што треба да се напомене е дека конкретниот документ – 09SKOPJE601 – е објавен од Balkanleaks.eu, кои велат дека е децентрализирана инфраструктура на Wikileaks, но истиот документ сè уште не се појавил на официјалната страна на Wikileaks, односно последниот документ кој доаѓа од амбасадата во Скопје е од 30-ти мај. Документот е потврден дека е виден и од Euractiv.com, но и тие линкаат до Balkanleaks.eu. Доколку се појави на официјалниот сајт тогаш ќе може се потврди со сигурност дека е од Wikileaks, односно дека се работи за еден од купиштата доверливи документи од американски димпломати.
Во документот од 2009-та најмногу внимание се обрнува на апсењето на Ѓорѓи Тренковски, поранешен менаџер на Фондот за здравство пишувајќи дека бил уапсен поради неговото несогласување со власта.
„Апсењето се случи на улица со медиумите ‘згодно’ во близина – беше јасно дека на одбрани ‘пријателски-кон-владата’ медиуми им беше кажано дека ќе се случи апсењето. Новините го означија Тренкоски како корумпиран и ја продолжија приказната откако тој беше собран од полицијата.“
Коментари
11 коментари
Коментарите се затворени.