Twitter ќе ги персонализира сите 1.6 милијарди дневни пребарувања

Со комплетно новата верзија на пребарување Twitter ќе се обиде да прикажува поперсонализирани резултати за 1.6-те милијарди пребарувања дневно, колку што е забележано во април годинава. Огромната бројка на дневните пребарување се должи на големите инвестиции кои започнале уште во 2008-ма со купувањето на Summize, вели Twitter. Во 2008-ма Twitter забележувал 200 пребарувања по секунда користејќи MySQL во позадина и Ruby od Rails како фронт енд. Во 2010-тa откако го заменија MySQL со Earlybird, Twitter забележува по 12.000 пребарувања во секунда, во просек. Во април 2011-та Twitter го заменува Rubi on Rails со новиот Blender, по што добива 3 пати побрзо пребарување и како резултат на тоа доаѓа до 18.000 пребарувања во секунда, односно 1.6 милијарди пребарувања на ден. Повеќе технички детали за инфраструктурата на пребарувањето на Twitter ќе најдете на нивниот инженерски блог.

Персонализацијата на пребарувањето, каде на корисникот ќе му се прикажуваат поистакнатите твитови и тие со кои корисниците имаат интеракција, се сведува на комбинација од сигнали и граф на следбениците на корисникот, односно тие што ги следите и што ве следат, за да се открие порелевантен-за-корисникот резултат. Сигурно помага што Twitter има скриен систем за рангирање на корисниците и нивната „важност“ на сервисот за споделување информации. Исто така тргнати се и твитовите дупликати. Сега во категориите за пребарувањето, покрај All tweets, Tweets with links, ќе има и Most relevant твитови. Покрај персонализацијата , пребарувањето сега ќе прикажува фотографии и видео поврзани со терминот кој се бара. Фотографиите и резултатите ќе бидат истакнати на десната страна од пребарувањето.

Во текот на наредниве недели ќе биде пуштен и сервисот за споделување на фотографии на Тwitter. Фотографиите ќе бидат хостирани од Photobucket кои се партнери на Twitter. За сите корисници на паметни телефони, Twitter вели дека работат со мобилните оператори да се праќаат слики преку текст пораки (MMS).

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments