Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature ИТ.МК

SpeakOut е апликација за поддршка на жртвите на насилство, изработена од средношколци од Скопје

SpeakOut е апликација креирана како дел од предизвикот „Generation Unlimited“ од 6 средношколци. Александра, Амра, Данче, Дарио, Матеј и Мила се дел од тимот АндроМета, а со оваа апликација сакаат да му кажат НЕ на насилството врз нивните врсници. Физичкото насилство и онлајн малтретирањето се сериозен проблем. Во своето истражување тимот на АндроМета откри дека од […]

3 коментари Прочитај 20 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature Вести

Наскоро поевтин роаминг интернет во Грција

Таман во периодот за летните одмори Македонија и Грција ќе се договорат за поевтин роаминг интернет. Министерот Дамјан Манчевски и неговиот грчки колега Никос Папас потпишаа меморандум со кој е предвидено намалување на цените за роаминг со Грција. Прво ќе се намали цената на дата пакетите, а потоа ќе следи намалување и на останатите услуги. […]

2 коментари Прочитај 20 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Велика Британија го впери прстот кон Закерберг

Однесувањето на најголемата друштвена мрежа често е во фокусот на политичарите и законодавците. Сепак ниту во Европскиот парламент, ниту во Сенатот на САД не се искажани посериозни обвинувања од претставниците на Британскиот парламент. Не станува само за критика кон праксата на Facebook. Се чини дека за првпат прстот е вперен кон Марк Закерберг и раководството […]

0 коментари Прочитај 19 февруари, 2019
СПОНЗОРИРАНО
1
Од Netcetera feature ИТ.МК

Учествувајте на Google #HashCode 2019 заедно со Netcetera

Google #HashCode е тимски натпревар во програмирање во кој до минатата година учествуваа натреварувачи од Европа, Средниот Исток и Африка, а од оваа година натпреварот е на глобално ниво и во него може да се вклучат натпреварувачи од целиот свет. Натпреварот е поделен во две рунди; првата е квалификациска и се одржува на 28 февруари, онлајн. Втората, финална […]

0 коментари Прочитај 19 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature ИТ.МК

Најавен поевтин роаминг во регионот и регионална Академија за сајбер безбедност во Скопје

Министерството за информатичко општество и администрација е домаќин на своите колеги од регионот. Покрај министрите и владини претставници од државите од Западен Балкан во Скопје се и еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас. Министерот за информатичко општество и Дамјан Манчевски ја претстави […]

1 коментар Прочитај 19 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски feature гејминг

Шест игри засновани на најголеми лаги

Да се каже дека гејмерската индустрија стагнира, би било потценување од епски пропорции. Секоја година, стотици игри се борат за вниманието на гејмерите. Но, и оваа индустрија е исклучително сурова и, доколку немате солиден продукт на интерактивна забава и правилна стратегија за маркетинг, вашето место под сонцето е сè само не загарантирано. Многу девелопери, мајсторски […]

0 коментари Прочитај 18 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

GGS05E18 – ASUS ROG GL704WG, Apex Legends, The Division 2

Нова епизода на GG и во оваа повторно има одлично хардвер изненадување. Гораст, Данко и Бобо овојпат ни го претставија гејминг лаптопот ASUS ROG GL704WG. Станува збор за лаптоп со неверојатни перформанси кој очекувано има и супер висока цена. Тројцата во студиото се воодушевени од лаптопот. Главна игра овој период е Apex Legends и секако […]

0 коментари Прочитај 18 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски feature Свет

Приказната на Џеф Безос и основањето на Amazon

Главната улога во вестите последниве неколку месеци без сомневање ја има Џеф Безос. Овој период некако е полн со добри и лоши вести за Безос и Amazon. На професионален план речиси ништо не може ни да биде подобро. Amazon отвора нови седишта Њујорк и во Арлингтон, на почетокот на 2019 ги помина сите други компании […]

2 коментари Прочитај 18 февруари, 2019
Редакција
1
Васил Буралиев feature Софтвер

Управување со Active Directory хостиран на AWS Cloud

(Ова е гостински пост на Васил Буралиев, ко-основач на VBU Consulting. Постот е првично објавен на VBU.mk, и e реобјавен со негова дозвола.) AWS WorkSpaces е еден од сервисите на Amazon кој овозможува потполно менаџиран сервис во облакот кој на корисниците им обезбедува десктоп/работна станица во облакот. AWS Directory Service e Amazon сервис кој доаѓа […]

0 коментари Прочитај 18 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести

Драго Ангуелов за неговото искуство во Waymo

Пред нешто повеќе од 10 години Себастијан Тран ги убеди основачите на Google да ги отворат вратите на Google X Labs за нов интересен проект. Првичниот план беше да извозат 10 сегменти, секој долг по 100 милји (160 километри). Овој предизвик го надминаа уште првата година. Драго Ангуелов е главен истражувач во Waymo. Во своето […]

0 коментари Прочитај 18 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг

Season 8 Battle Pass за Fortnite ќе биде бесплатна

Во случај да сте фан на игрите кои припаѓаат на Battle Royale жанрот, тогаш сигурно слушнавте за неочекуваниот, скриен хит на ЕА – Apex Legends. Apex Legends нападна неочекувано и немилосрдно и освои над 10 милиони гејмери за исклучително кратко време, не заборавајќи, притоа, да пали и жари на стриминг сервисите како Twitch. Сосема неповрзано, или […]

0 коментари Прочитај 15 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

Повик за тестери за веб платформи за образование

Лабораторијата за социјални иновации СтартАп ве повикува да се вклучите во тестирањето за подобри образовни веб решенија. Во текот на февруари и март ќе се тестираат неколку веб страници за квалитет, содржина и корисничко искуство. „Поставување на поволно опкружување за подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ е поддржан и од […]

0 коментари Прочитај 15 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Совети Софтвер

TimeTree е корисен онлајн календар со фокус на споделување

Оние кои имаат потреба од често користење онлајн календари дефинитивно се запознаени со двата најголеми гиганти. Microsoft Outlook и Google Calendar изобилуваат со комплексни функции. TimeTree не се стреми да ги замени, но го олеснува вашето секојдневно планирање со интересни функции кои нудат малку поразлична перспектива. TimeTree ги прикажува деновите во огромни, пространи кутии, што е […]

0 коментари Прочитај 15 февруари, 2019
Редакција
1
Brainster ИТ.МК

Стани дел од мрежата инструктори на Brainster

Нашите мрежа на инструктори е составена од 40+ експерти во делот на Програмирање, Дигитален Маркетинг, Дизајн и Дигитална трансформација. Инструкторите ги водат програмите кои Brainster ги организира, со цел да им овозможат на поединците да ги научат вештините кои се потребни за да започнат кариера во дигиталните индустрии но и да им помогнат на компаниите во процесот […]

0 коментари Прочитај 15 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Microsoft со безбедносна закрпи за „zero-day“ пропусти за Internet Explorer и Exchange

Microsoft затвори два големи безбедносни пропусти оваа недела. Два „zero-day“ пропусти објавени пред еден месец повеќе не се опасност за корисниците. Првиот пропуст е на Internet Explorer, а вториот на Exchange Server. Пред безбедносната закрпа напаѓачот можел преку Internet Explorer да провери дали некои програми и фајлови се наоѓаат на дискот, вели Microsoft. Напаѓачот ова […]

0 коментари Прочитај 15 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Софтвер

Напредно менување позадини со John’s Background Switcher

Кога се работи за автоматско менување позадини по одредени временски интервали, повеќето корисници се исклучително задоволни од можностите на самиот Windows 7/ 10 и навистина не гледаат потреба за инсталирање дополнителни алатки. John’s Background Switcher, меѓутоа, е алатка која го прави ова, но и многу повеќе од тоа. За менување на позадините, може да „влече“ […]

0 коментари Прочитај 14 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Медалите за олимписките игри во Токио 2020 ќе бидат од рециклирна електроника

Рециклирана електроника, паметни телефони и компјутери ќе се користат за изработка на медалите за Олимписките игри во Токио 2020. Потребно е доволно метал за изработка на околу 5 000 златни, сребрени и бронзени медали. Организаторот има план со рециклирање на електроника од апарати да собере 2 700 килограми бронза, 30,3 килограми злато и 4 100 […]

0 коментари Прочитај 14 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Вести Хак-атак/Приватност

Пирати на софтвер злоупотребиле алатка на Apple и објавувале хакирани апликации на AppStore

Developer Enterprise Program програмата на Apple им помага на компаниите набрзина да издадат апликации без да ги поминуваат ригорозните тестови на Apple. Ограничувањето кое доаѓа со ова е дека оваа програма би требало да се користи за тестирање на апликации во развој, или за објавување на интерни апликации кои ќе ги користат вработени во компанијата. […]

0 коментари Прочитај 14 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски Софтвер

naBoota е апликација за создавање бутабилни USB-a

За инсталација на Windows 10 имате повеќе од одлична, официјална алатка која ви дозволува да го преземете оперативниост систем во ISO формат, но и директно да го прилагодите како бутабилно USB. Други оперативни системи ви дозволуваат само да ги преземете во ISO форматот, а потоа да ги изрежате на CD, односно DVD и на тој […]

0 коментари Прочитај 13 февруари, 2019
Редакција
1
Avatar photo Мартин Јованчевски гејминг Совети

Koplayer покренува мобилни апликации и игри во Windows

И Windows и Android платформите се исклучително богати со апликации и игри, а нивната масовна достапност до корисникот, како и уникатноста на платформите, има допринесено до значителни форми на ексклузивност. Токму поради тоа одредени апликации и игри се прават само за одредена платформа, со механики кои ги земаат во предвид предностите на платформата. Но, доколку, […]

0 коментари Прочитај 13 февруари, 2019
Мени
Заедница
Изглед