Во случај да сте фан на игрите кои припаѓаат на Battle Royale жанрот, тогаш сигурно слушнавте за неочекуваниот, скриен хит на ЕА – Apex Legends.
Apex Legends нападна неочекувано и немилосрдно и освои над 10 милиони гејмери за исклучително кратко време, не заборавајќи, притоа, да пали и жари на стриминг сервисите како Twitch.
Сосема неповрзано, или не, Epic решија да бидат дарежливи и, по првпат, да подарат една Battle Pass на гејмерите. За време на настанот Share the Love, потребно е да исполните 13 предизвици. Исполнете ги предизвиците до 27.февруари и бесплатно ќе ја отклучите осмата сезонска пропусница. Два костими добивате веднаш, со можност за дополнително заработување на уште пет други.
Ова е дел од најновата закрпа за играта. Како дел од закрпата е и нов LTM. Catch ги отстранува сите оружја од играта, на сметка на предмети кои можете да ги фрлате. На располагање имате и нова пушка, како и бројни исправки за преостанатите оружја и опрема. Проверете ги сите новитети тука!
Настанот Share the Love ги отвора портите и на први викенд сесии каде ќе можете да добивате двојно повеќе искуствени поени, како и бројни други награди кои се замислени да го направат вашиот престој во играта поисплатлив. За таа цел, се ветуваат награди како Cuddle Team Leader wrap, и малку поразлични изгледи за Trog, Powder и Onesie.