Повик за тестери за веб платформи за образование

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Лабораторијата за социјални иновации СтартАп ве повикува да се вклучите во тестирањето за подобри образовни веб решенија. Во текот на февруари и март ќе се тестираат неколку веб страници за квалитет, содржина и корисничко искуство. „Поставување на поволно опкружување за подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ е поддржан и од Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.

Проектот е продолжение на образовниот камп #Инно4Ед. Тогаш беа креирани четири MVP решенија, а сега се работи на финални верзии.

„Моментално, проектот се наоѓа во фаза на тестирање на веб-решенијата преку кои ќе дојдеме до рамка за развој на една Национална веб-платформа за Ран Детски Развој, на која ќе се содржат дополнителни образовни материјали за карактерно образование, инклузивна настава и учење базирано на игра“, велат организаторите на настанот.

Учесниците во тестирањето ќе помогнат со своите мислења за креирање на подобра платформа за образование. Преку платформата ќе треба да се помогне во подобрување на квалитетот на наставата, учењето и процесот на воспитување преку обезбедување на еднаков пристап до информации на наставниците, воспитувачите и родителите.

Во текот на тестовите учесниците ќе треба да се обидат да ги завршат задачите кои им ги дава софтверот, а во ова ќе им помага лице задолжено за поддршка на процесот.

За учество во процесот не се предвидени никакви дополнителни финансиски средства, но подоброто образование треба да е доволен мотив за сите да учествуваат. Мислењето и сугестиите на учесниците ќе влијаат на крајното решение, а учеството на крајните корисници на овој производ ќе обезбеди решение кое е подобро и покорисно.

Профил на кандидати:

  • Лица на возраст од 24 – 40 години, кои имаат деца на возраст од 0 до 10 години
  • Лица на возраст од 41 – 70 години, работат или се грижат за деца на возраст од 0 до 10 години
  • Воспитувачи во предучилишно образование
  • Одделенски наставници
  • Логопеди и дефектолози кои работат со деца од предучилишна или училишна возраст (од прво до трето одделение)
  • Деца на возраст од 4 – 8 години (со присуство на родител)
    *Сите профили на кандидати потребно е да имаат основни познавања за работа со компјутер.

Она што е важно е дека тестирањето ќе се одржи во 2 термина: од 21.02 до 28.02 (прво тестирање); од 11.03 до 15.03 (второ тестирање). Тестирањата ќе траат до максимум 45 минути.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 18 февруари на следниот линк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments