Приказната на Џеф Безос и основањето на Amazon

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Свет, Статии

Главната улога во вестите последниве неколку месеци без сомневање ја има Џеф Безос. Овој период некако е полн со добри и лоши вести за Безос и Amazon.

На професионален план речиси ништо не може ни да биде подобро. Amazon отвора нови седишта Њујорк и во Арлингтон, на почетокот на 2019 ги помина сите други компании по својата вредност и сега е највредна светска компанија пред Microsoft, Apple и Google. И Blue Origin имаше успешни први тестови, па компанијата планира мисија со екипаж пред крајот на 2019 година.

Ако ве интресира како г. Безос стана најбогат човек од основач на онлајн книжара, еве дел од приказната на Amazon…

За почетоците…

Џеф Безос за разлика од голем дел на познати претприемачи и основачи на компании е со диплома од универзитет. Г. Безос по завршување на Универзитетот Принстон дури можел и да бира во која компанија ќе се вработи, му нуделе работа во Intel, Bell Labs, Andersen Consulting.

Сепак тој се одлучи за стартапот Fitel, финтек компанија во која работел на развој на мрежа за меѓународна трговија. Веројатно ова подоцна му помогнало и во развојот на Amazon.

На почетокот на 90-те години г. Безос ги насетил можностите кои ги нуди интернетот. Тогаш сè уште беше нова платформа, а продажбата беше ретко и лошо присутна. Во 1993 година, ја напуштил работата во банкарскиот фонд D. E. Shaw & Co во кој бил постар заменик претседател и од својата гаража започнал да гради онлајн империја.

На 5 јули 1994 година, со готов бизнис план ја отворил онлајн книжарницата Amazon. За почеток неговите родители му позајмиле 245 573 долари. Ова го направиле и покрај предупредувањата на Џеф дека постои веројатност од 70% дека никогаш нема да може да им ги врати парите. Оваа инвестиција денес вреди 30 милијарди долари, а Џеки и Мајк Безос се на чело на Bezos Family Foundation.

Во следните 5 години продавал единствено книги, а работата не била гламурозна. Во неговата објава на Medium потсетува дека пред 24 години, самиот ги пренесувал сите пакети од гаражата до поштата каде ги праќал до купувачите.

„Пред 24 години го основав Amazon во мојата гаража, сам ги возев сите пакети до поштата. Денес Amazon вработува над 600 000 луѓе, иако инвестираме во многу нови иницијативи штотуку ја завршивме најпрофитабилната година. Вообичаено сме во првите пет компании по вредност во светот. Ќе оставам овие резултати да говорат за себе…“

Името Amazon сега е бренд, но малку фалело компанијата да го носи името „Cadabra“, од „abracadabra“. Сепак адвокатот на Безос го слушнал погрешно, како „cadaver“ и името било сменето. Amazon било избрано по реката и главно поради 2 причини. Слоганот на компанијата бил „Earth’s biggest book store“, и името било на A, па сајтот ќе се појавувал погоре во листинзите кои во тој период биле по азбучен ред.

Уште еден интересен податок од овој период е дека првата книга е продадена во јули 1995 година. Станува збор за книгата „Fluid Concepts & Creative Analogies: Computer Models of the Fundamental Mechanisms of Thought“. Во првиот месец од отворањето Amazon добивал порачки од 50 држави од САД и 45 држави од целиот свет.

Едно од првите правила на компанијата било дека секој ќе биде вклучен во процесот на контакт со корисниците. Секој, ама баш секој вработен минувал 2 дена во контакт центарот. Дури и Г. Безос е, или барем бил дел од овие ротации.

Во 1998 година Amazon додал нови производи во своето портфолио. Ширењето на производите кои ќе се продаваат секогаш било дел од планот на г. Безос, а од 1998 година на Amazon се продаваат и музика и видео. До крајот на 1998 година продавницата додала и други производи.

Изгледот на Amazоn во 1998 – Аrchive.org

Веројатно најголемиот проблем и предизвик за Amazon бил крахот на dot.com. Компанијата имала среќа бидејќи успеала да собере инвестиции 1 месец пред крахот на пазарот, да не го направеле ова, следниот месец ќе било предоцна, објаснува биографот на Џеф Безос, Бред Стон во книгата „The Everything Store: Jeff Bezos and the Age of Amazon“. За среќа, компанијата го избегнала банкротот и била подготвени за следни предизвици.

Последниве неколку години Amazon за достава и за работа во магацините претставува супер иновативна технологија. Компанијата во магацините користи автономни роботи, за достави на огромни харддискови тестираат автономни камиони, а секако тука се и автономните дронови за достава. Колку од овие технологии ќе се пробијат во иднина ќе почекаме и ќе видиме.

Amazon Web Services, Kindle и Amazon Echo 

Во 2003 година Amazon ги лансираше Amazon Web Services. Сервисите беа лансирани нешто порано, но во тој период беа неколку алатки и услуги. Кон крајот на 2003 година инфраструктурата на AWS беше стандардизирана и веќе се зборуваше за продажба на виртуелни сервери како сервис.

Еден од сегментите кои компанијата ги работи со некаков променлив успех е хардверот. Kindle е убедливо најдобриот таблет компјутер за читање на книги, но Kindle Fire и паметниот телефон се далеку од овој уред. Можеби Amazon Echo ќе биде уред кој ќе биде успех за компанијата во полето на хардвер, но овој сегмент е во рана фаза на развој. Засега Amazon и Google се борат за доминација, но има тука уште многу простор. Двете компании засега речиси и да имаат ист концепт; еден паметен уред контролиран со говор од каде може да се контролираат сите паметни уреди.

Blue Origin

Една од страстите кои г. Безос ги споделува со основачот на Tesla, Елон Маск, e истражувањето на вселената.  Blue Origin е компанијата која г. Безос ја основа во 2006 година.

Целта на компанијата е да оствари дамнешен сон на г. Безос – колонизирање на вселената. Уште од студентски денови тој сонувал да гради хотели и паркови за забава за вселенските туристи.

Како и Space X и Blue Origin се подготвува за летови со ракети кои може да се користат повеќе пати. Првото полетување и слетување се случи во ноември 2015 година.

Минатата година дознавме дека за летовите си Blue Origin билетите ќе чинат помеѓу 200 и 300 илјади долари.

 Washington Post

Веројатно една од најкомплицираните инвестиции на г. Безос е Washington Post. Во 2013 година, основачот на Amazon за 250 милиони долари го купи Washington Post.

Безос постојано го обвинуваат дека има конфликт на интереси поради инвестицијата во весникот. Сопственоста на Washington Post е една од причините поради кои постојано е на мета на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Не е сѐ баш сјајно

Веројатно најголемите контроверзии на Amazon и Џеф Безос се ужасните услови во кои работат магационерите во компанијата.

„Пауза за тоалет со тајмер, цели кои не може да се постигнат и работници кои заспиваат на нозе. Вработените работат 55 часа неделно, а сите кои не можат да ги остварат целите се во опасност да бидат отпуштени“, ова се дел од обвинувањата на новинарот Ален Слеби кој се инфилтрираше во магацин на Amazon.

„Сам во заклучен метален кафез, 3 метри од најблискиот колега, се приближува робот кој ги бутка полиците кон мене. За да ја исполнам целта од 300 производи на час, имам 9 секунди да процесирам производ и да го испратам на пакување“, раскажува г. Селби.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Amazon започнува нова ера. Човекот кој го основа Amazon, и веројатно првата асоцијација кога најголемата […]

trackback

[…] ера започнува во Amazon. Човекот кој го основа Amazon, и веројатно првата асоцијација кога најголемата […]