Таман во периодот за летните одмори Македонија и Грција ќе се договорат за поевтин роаминг интернет. Министерот Дамјан Манчевски и неговиот грчки колега Никос Папас потпишаа меморандум со кој е предвидено намалување на цените за роаминг со Грција. Прво ќе се намали цената на дата пакетите, а потоа ќе следи намалување и на останатите услуги. До 2021 година планирано е целосно укинување на роамингот.
“Сакам да потврдам во име на Република Грција дека сме спремни да ги преземеме сите легални мерки, сите правни мерки и сите алатки со цел граѓаните на двете земји многу бргу и пред туристичкиот период да видат намалување во сметките за телекомуникации”, вели министерот за Никос Папас.
Со имплементација на договорот, цените на роамингот помеѓу Македонија и Грција ќе се изедначат со цените во Европската Унија. Претставниците на двете држави се согласни дека максималните роаминг цени не треба да бидат повисоки од цените во Европската Унија.
Засега нема податоци за прагот на првото намалување. Веројатно и оваа година, во зависност од тоа колку интернет им е потребен, сè уште ќе биде поевтино туристите од Македонија да користат SIM-картички од грчки оператор.
„Македонија веќе има искуство од придобивките кои произлегуваат од намалување на цените во роаминг. Склучувањето на спогодбата со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина покажа дека ваквите мерки придонесуваат за зголемен обем на сообраќајот на роаминг услугите, особено пристапот до мобилен интернет во роаминг. Се очекува дека истите ефекти ќе се постигнат и за корисниците кои ќе ја посетуваат Грција“, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.
[…] членки на Европската Унија. Македонија веќе има ваков договор со Грција. Во февруари оваа година министерот Дамјан Манчевски […]
[…] членки на Европската Унија. Македонија веќе има ваков договор со Грција. Во февруари оваа година министерот Дамјан Манчевски […]