Кога се работи за автоматско менување позадини по одредени временски интервали, повеќето корисници се исклучително задоволни од можностите на самиот Windows 7/ 10 и навистина не гледаат потреба за инсталирање дополнителни алатки.
John’s Background Switcher, меѓутоа, е алатка која го прави ова, но и многу повеќе од тоа. За менување на позадините, може да „влече“ фотографии од вашиот хард диск, но и од сајтови за споделување фотографии, сајтови како Flick, SmugMug, Unsplash, и Instagram.
John’s Background Switcher, или JBS, не дискриминира во поглед на бројот на прикажани слики и може на екранот да ви прикаже монтажа од неколку слики, како и да ги подреди во визуелно-исполнителен мозаик.
Најновата, петта верзија, ви дозволува да прикажувате фотографии и од Google Photos, како и да прикажувате фотографии од апсолутно сите поддржани извори, односно сајтови за споделување фотографии. Нѝ се допаѓа и тоа што најновата верзија повеќе не се мачи и правилно прикажува позадини на екрани на висока резолуција.
Бесплатната апликација е достапна за Windows, или Mac.