0 коментари 1 мин. читање

Медалите за олимписките игри во Токио 2020 ќе бидат од рециклирна електроника

Рециклирана електроника, паметни телефони и компјутери ќе се користат за изработка на медалите за Олимписките игри во Токио 2020. Потребно е доволно метал за изработка на околу 5 000 златни, сребрени и бронзени медали.

Организаторот има план со рециклирање на електроника од апарати да собере 2 700 килограми бронза, 30,3 килограми злато и 4 100 килограми сребро. За ова организаторите побараа од граѓаните да ја донираат својата стара електроника. Целта е сите медали и за Олимписките и за Параолимписките игри да бидат целосно изработени од рециклиран материјал.

Собирањето ќе трае до 31 март оваа година, кога ќе биде и затворено. Засега се собрани доволно материјали за 93,7% од златните медали и 85,4% од сребрените. Материјалите за бронзените медали се веќе собрани. Досега се рециклирани 28,4 килограми злато и 3 500 килограми сребро. Потребни се 30,3 килограми злато и 4 100 килограми сребро. Што се однесува до дизајнот на медалите до крајот на оваа година ќе треба да видиме и како ќе изгледаат медалите кои ќе се доделуваат на следната летна Олимпијада.

Токио 2020 не се првите Олимписки игри во кои се користи рециклиран материјал. Во Рио 30% од медалите беа од рециклирани материјали. Проблемот со е-отпадот е актуелен, во 2019 се проценува дека има 49,8 тони ваков отпад.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top