Сервер е опслужувач, онлајн е вклучен
Со притисокот што доаѓа од јужниот сосед, се повеќе се нарушуваат нашиот идентитет и јазик и се загрозува нашата азбука, рече министерот за информатичко општество Иво Ивановски претставувајќи го новиот проект „Користи македонски зборови“ со кој ќе се стандардизираат македонски верзии на сите термини кои до сега и сé уште се познати меѓу сите ИТ корисници. Проектот е во две фази, со првата се предвидени активности за изработка на лексикон на зборови од ИКТ, а со втората изработка на македонски кирилични фонтови, пишува на сајтот на МИО.