{mosimage}Екстерните текстови се жешка тема деновиве, имаше протести, имаше негодувања, министерството си остана на своето… Но покрај сите глупости има една доста позитивна работа што се однесува на е-образованието во Македонија. Тестовите ќе бидат направени компјутерски, преку софтвер и онлајн на e-obrazovanie.mk.
Сајтот се гледа дека е набрзина правен, се уште не е преведен, фалат делови но преставува одлична експериментална алатка за експериментални тестови.
Вчера Министерството за информатичко општество објави упатства за користење на е-оbrazovanie.mk страницата. Toa упатство е постирано подолу, но истото можете да ги симнете и во .pdf формат.
Информации за тестот:
Време за одговарање на тестот:
- За решавање на тестот имате 40 минути, а мерењето на времето започнува со кликнување на копчето Започни со тестот.
- Преглед на преостанатото време од тестот, ќе биде достапно во левиот долен агол за цело време на тестот.
Прашања:
- Тестот се состои од 30 прашања.
- Секое прашање има понудено 4 одговори, но само еден одговор е точен.
- Прашањата се прикажани по едно на страна, но не мора да се одговараат по редослед по кој се внесени.
Постапки за тестирање:
Чекор 1: Стартувај го прелистувачот Mozilla Firefox, и во лентата за внесување на адреси внеси ја адресата http://e-obrazovanie.mk како што е прикажано на горниот дел од сликата подолу.
{mosimage}
Чекор 2: За да се најавиш на порталот, потребно е да ги внесеш твоите корисничко име и лозинка, кои се единствени, во полињата обележани на средина на сликата од претходниот чекор.
Чекор 3: По најавувањето, на страницата која ќе се отвори ќе бидат прикажани линкови на едниот или двата предмети по кои ќе бидеш тестиран. Кликни на линкот на предметот кој според претходно определен распоред е отворен само на денот и времето кога се тестираш.
Чекор 4: По твоето најавување, на екранот ќе се појави првото прашање (како на сликата подолу).
– Над и под текстот од прашањето и предложените одговори се наоѓа листа на броеви од 1 до 30. Секој од броевите е линк (врска) до прашањето со тој реден број и со кликнување на избраниот број директно се пристапува до соодветното прашање.
– Пред и по броевите има линкови (врски) до следната или претходната страница, и со кликнување на нив директно се преминува на следното или претходното прашање.
{mosimage}
Чекор 5: (Избор на одговор за секое прашање): Добро прочитај го прашањето и предложените одговори!
– Одговорот се означува со кликнување на копчето пред избраниот одговор.
– Ако означувањето е завршено, формата на копчето ќе се замени од O во ¤.
– Доколку сакаш да го смениш одговорот, кликни на копчето пред новоизбраниот одговор.
– Пред да се премине на ново прашање, увери се дека копчето пред последно избраниот одговор има форма ¤.
{mosimage}
Чекор 6 (Завршување на тестот): За да бидат прифатени и снимени твоите одговори потребно е коректно да се затвори тестот. Тестот се затвора на еден од следниве два начини:
– Со кликнување на копчето Заврши го тестот, по што не е можно повеќе да се одговараат или менуваат одговорите на прашањата од тестот, па наша препорака е да го кликнеш само доколку си ги одговорил сите прашања. Кога ќе го кликнеш ова копче, ќе се појави прозорец со пораката прикажана на сликата подолу, и ќе може да избереш да се вратиш на одговарање на тестот или конечно да го затвориш.
{mosimage}
или
– Доколку тестот не го затвориш во предвидениот рок, тој автоматски ќе се затвори, со прифаќање на сите одговори кои што си ги означил.






