{mosimage}Македонските училишта сега ќе можат да соработуваат со други европски училишта преку eТwinning платформата која е дел од е дел од Comenius образовната програма на ЕУ. „еTwinning како платформа е лесна за употреба. Две училишта од различни земји формираат партнерство, за да работат заедно на општи проекти и да разменат идеи и искуство. Комуникацијата се спроведува преку Интернет и со користење на разнообразни ИКТ алатки без наметнување на потреба од физички контакт.“ објаснуваат на сајтот на Националната агенција за европски образовни програми.
Понатаму пишува „еTwinning ги насочува наставниците кон градење на релации и врски помеѓу наставните програми и создава претпоставки за запознавање со различни образовни системи. Уште повеќе, еTwinning ги помага заедничката работа на наставници и усовршувањето на нивните наставни методи.“
Ова значи дека наставниците, прво, треба да бидат мотивирани за да се вклучат во комуникацијата и заеднички проекти со останати училишта. А како друго самите наставници ќе мораат да знаат како да ги користат алатките на eTwinning.
{mosimage}
За да го користат оваа платформа, која на кратко може да ја објасниме како „друштвена мрежа за школите“ треба наставникот/школото да се регистрира и да си го одржи својот профил. Преку профилот наставникот ќе може да ги разгледува другите профили и да комуницира со нив, да контактира или само да сподели некоја идеа. За тоа постојат е-маил, чатови, блогови. Постои и интересена повеќе-јазична вирутелна училница TwinSpace дизајнирана само за овој проект.






