{mosimage}Една петина од PC софтверот во светот е пиратски. 68% од компјутерскиот софтвер во Македонија е нелиценциран. Ова се бројките од извештајот на BSA (Business Software Alliance). Глобалната загуба од пиратеријата во 2008 година е 53 милијарди долари, а процентот на пиратиран софтвер е 41%.
Во Македонија од 2004 до 2008 процентот на пиратиран софтвер се намалил од 72% на 68%. Очигледно е дека во Македонија ретко кој индивидуален корисник ќе плати за оригинален софтвер. Па така може да се процени (читај: шпекулира) дека се повеќе корисници користат слободен софтвер.
Извештајот на BSA и IDC покажува дека Централна и Источна Европа се кралеви во пиратскиот софтвер.
{mosimage}
Во регионот е вака: Црна Гора 83%, Албанија 77%, Србија 74%, Македонија и Бугарија по 68%, додека најниска стапка на пиратски софтвер има Хрватска со 54%.
Но интересно е да се забележи загубата за Централна и Источна Европа. Иако дури 66% од корисниците во Централна и Источна Европа користат пиратски софтвер сепак според загубите овој регион е многу под останатите. Нормално ова зависи од бројот на корисниците, односно од големината на пазарот. Затоа САД со најмал процент на пиратерски софтвер (20%) има најголеми загуби околу 9 милијарди долари, бидејќи има најголем пазар.
{mosimage}
Малку збунавачки податок од извештајот е што како паѓа пиратеријата така се зголемуваат загубите. На пример во Македонија стапката на пиратски софтвер во 2004 година била 72 отсто а загубата 8 милиони долари. Во 2006 стапката е 69% а загубата 10 милиони. Во 2008 стапката е 68% а загубата 14 милиони. Аналитичарите велат дека овие бројки се поради падот на доларот.
{mosimage}
Важно да се спомне дека загубите всушност не се стварни загуби. Туку тоа е вкупната цена за секое парче пиратиран софтер. Така да ако јас имам две копии пиратски софтвер од еден оригинал тогаш „загубата“, односно цената на оригиналот се множи по 3. Исто така нема начин да се изброи реално пиратираниот софтвер, така што во анализата има многу претпоставки.
Но, извештајот вреди да се разгледа заради споредба. Пример, како се развива ИТ пазарот во одредени земји во споредба со Македонија. Може да се спореди и растот на корисниците. Колку повеќе пиратски софтвер и загуби толко повеќе раст во бројот на корисници или пак повеќе парчиња пиратски софтвер што покажува на развојот на ИТ познавањето на корисниците.






