Македонски претставник избран на WSA 2009

во ИТ.МК

{mosimage}Во декември се одржа Наградата на светскиот самит во рамките на Македонија, а победниците од тој натпревар беа пријавени на глобалниот натпревар кој се одржа месецов во Индија каде што учествуваа избрани проекти од повеќе од 160 земји. На овогодинешниот глобален натпревар, во петте најдобри проекти од категоријата “Образование за сите” беше избран и македонски претставник, порталот за млади – MladiInfo.com.

"Чест ни е да Ве информираме
дека порталот за млади од Македонија – www.mladiinfo.com е избран за еден од петте
најдобри портали во светот во категоријата „Образование за сите“ во рамки на
наградата на Светскиот самит за информатичко општество за млади http://youthaward.org/?q=node/88.

Млади инфо го доби ова
признание во конкуренција од вкупно 622 веб страници од 101 земја од светот.
Изборот беше направен во три етапи, а го правеше стручно меѓународно жири
составено од дваесет реномирани експерти од оваа област."
– беше истакнато во соопштението за јавност.

MladiInfo.co

Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива  за избор и промоција на е-содржини и проекти
и е организирана од страна на Обединетите нации, а во Македонија е спроведена преку невладината организација Метаморфозис. Секоја втора година,
започнувајќи од 2005, во рамките на Светскиот самит се доделува и Наградата за
млади.

Целта на овој избор е да им одаде признание на
е-содржините и проектите кои придонесуваат за развој на информациското
општество и помагаат за надминување на многу светски проблеми. Оваа година
наградите се доделуваа во 5 категории, кои се воедно и дел од Милениумските
развојни цели: борба против сиромаштијата, образование, полова нееднаквост,
култура и екологија.

Листата на официјални победници за наградата за млади може да се најде тука. Додека пак официјалните победници на НСС се објавени во следново соопштение за јавност.

За дознаете повеќе за проектот MladiInfo.com, прочитајте го нашето интервју со нив.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk