{mosimage}Дури 93% од кандидатите за градоначалници не го користат интернетот за промоција, покажа првиот дел на анализата на фондацијата Mетаморфозис. Анализата е доста интересна и посочува дека традиционалните промоции, плакати и митинзи се уште се главните алатки на македонските политичари за да соберат гласачи. Истовремено, од поглед на граѓаните, истите плакати и митинзи се истите алатки да се запознаат со кандидатите. Добро, делумното игнорирање на веб 2.0 алатките, блоговите, друштвените мрежи, се должи и на тоа што немаше многу време за предизборна кампања. Исто така се забележува и напредок, пишува Mетаморфозис.
За анализата Метаморфозис ги разгледувале само сајтовите кои биле пишувани од официјални лица дали се тоа кандидатите, нивните вработени или некој од партијата. И иако се забележува мал напредок „Граѓаните имаат можност да гласаат за барем еден кандидат со веб-сајт само во 17 од 85 изборни места (84 општини и градот Скопје), односно 20%, што претставува зголемување од 9% на претходните локални избори.“ сепак недостасуваат доста важни детали „Мнозинство од кандидатите што имаат веб-сајтови не покажуваат интерест за комуникација на повеќе од еден јазик, ниту грижа за квалитетот на напишаното преку ангажирање на професионален лектор. Мал дел од нив работат на надминување на недостатоците на стандардната поддршка за пишување на неанглиски јазици.“
Целата анализа можете да ја разгледате во .html или .pdf формат, а повеќе за анализата можете да прочитате на сајтот на Метаморфозис.






