МВР не ги почитува „законите" на Facebook

во ИТ.МК

Нели сепак сајтот e „друштвена алатка која им помага на луѓето да комуницираат ефикасно со своите пријатели, семејство и колеги." (преведено од сајтот на Facebook)

Иаку лично ја оправдувам намерата на МВР да отвори своја страна на најголемата друштвена мрежа, нормално доколку навистина ја користи само за информирање на граѓаните и поправање на својот имиџ, а не за собирање на докази и следење на активностите на некои „сомнителни лица", сепак сакав да го чујам и ставот на Facebook…

Па така контактирав со неколку вработени во компанијата, прашувајќи ги дали ваквото користење на нивниот сајт е соодветно со нивната филозофија и цел?

Одговорот кој го добив беше дека страната на МВР ќе биде избришана од причини што ги нарушува условите за користење на Facebook и воедно претставува опасност за приватноста на корисниците. Особено загрижувачки за Facebook беа сликите објавени во галеријата на профилот на МВР. (На следниов за 18+ лицалинк имате една слика од оние кои беа објавени во галеријата „Криминалистички музеј").

По неколку минути по завршување на комуникацијата со Facebook, страната и сите содржини на неа беа избришани… a доколку некој се обиде да пристапи до профилот ќе биде пренасочен на почетната страна.

Бев изненаден од брзото дејствување на Facebook, но по инцидентот со условите за користење претпоставувам дека се посветува поголемо внимание на тоа какви се реакциите на корисниците.

Се замислив за тоа колку вработените во одделот за односи со јавност на МВР размислиле за правилата и условите на сајтовите кои планирале да ги искористат за свои цели. Консултирана е Дирекцијата за заштита на лични податоци, но зошто никој не потрошил неколку минути од своето време да ги прочита условите за користење или пак да контактира со Facebook – тие го имаат главниот збор за тоа кој смее да ја користи нивната друштвена мрежа и на каков начин. Сепак, такви се правилата на игра во веб 2.0 светот и на глобалната мрежа а сите кои сакаат да учествуваат мора да ги почитуваат…

Едно е сигурно, ова е добра лекција за владините институции и за тоа колку внимателно треба да се донесуваат одлуките за користење на друштвените медиуми… а доколку МВР сака да ја оствари својата идеја во создавање на Facebook профил и олеснување на комуникацијата со граѓаните и новинарите, најдобро е првин да се консултира со претставниците на интернет алатките кои планира да ги користи. Навистина би сакал да видам „официјален“ профил на МВР каде што граѓаните ќе можат да дојдат полесно до информации, каде што новинарите ќе добиваат одговори на своите прашања и каде што МВР ќе успее да го подобри својот имиџ.

Но за да се оствари сето тоа, како што реков, дури и МВР треба да се научи да ги почитува „законите" во виртуелниот свет, а не вниманието да биде насочено само кон локалните регулативи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Горан
Горан
15 years ago

Wow што сте направиле, навистина сте телиња…

Петар
Петар
15 years ago
Reply to  Горан

А зошто се телиња? :)

види ги сите огласи на kariera.it.mk