{mosimage}Mkd-rss.com претставува нов сервис – агрегатор на вести и огласи од разни извори, поточно RSS канали, и сервис каде што тие вести можат да се коментираат. Mkd-rss изгледа како директен конкурент на Time.mk, но секој е со своја уникатност. Time.mk е брз, едноставен и лесен за снаоѓање, нешто што недостасува на Mkd-rss, кој пак од друга страна функционира како место за дружење.
Друштвениот аспект на Mkd-rss, пред сé, се забележува од категориите кои ги нуди покрај вестите: Автомото, Блог, Lifestyle, Блогови… Додека Time.mk е сконцентриран исклучиво на весниците и сајтовите за вести, Mkd-rss претставува друштвено место за сите сајтови кои имаат RSS feed.
„Mkd-rss стартуваше пред 2 недели и забележува раст од 200 уникатни посети дневно, а очекуваме раст до 3-4.000 дневно за неколку месеци“ вели Антонио Магдиќ од eBurza.hr, компанија која ја поседува мрежата на -rss.com сервисите на Балканот и надвор од него.
{mosimage}
Интересно е што корисниците можат да си објавуваат блогови, има чет и опција за коментари или пак да објавуваат свои вести. Моментално на тој дел од сервисот претежно има огласи, што е корисно, но се надевам дека ќе наидеме на интересни вести.
Што се можете да направите на Mкd-rss (како регистриран корисник):
- да ја коментирате содржината на порталот
- да ги оценувате каналите на одредени интернет страници
- да подготвувате интересни статии до кои секогаш можете да пристапите во своето сандаче
- да подготвувате интересни канали кои сакате да ги следите
- да се вклучите во разговорот со останатите корисници на порталот во четот
- да објавувате сопствени статии, вести, огласи
- да креирате сопствени белешки






