Зошто е потребен интернет по селата?

во ИТ.МК

{mosimage}Владата објави проект со кој во 680 локации во руралните средини ќе се овозможи безжичен интернет кој ќе биде бесплатен за селаните. Министерот за информатичко општество Иво Ивановски кога го престави 4 годишниот проект рече дека инвестицијата треба да го надмине дигиталниот јаз меѓу руралните средини. Тој исто така додаде дека овој проект се изработува со државни пари, бидејќи приватните компании не гледаат никаква добивка да постават мрежи на оддалечени места. Интересен потег за држава која веќе од поодамна е „првата држава со безжичен интернет во светот“.

Но за екс-претседателот на ЗЕЛС, Андреј Петров, интернетот во селата воопшто не е приоритет. Тој во текст во Дневник
објаснува дека никој не е заинтересиран за интернетот во тие средини, бидејќи селаните се борат да преживеат.

УСАИД уште пред три-четири години обезбеди безжичен интернет за над 500 училишта и во градовите и во селата. Луѓето таму живеат со септички јами и немаат основни услови за живот. Лошо се поврзани со градовите, а онаму каде што има асфалтиран пат, сега веќе е разјаден од снегот и солта. Затоа приоритет за развојот на руралните средини не е безжичниот интернет, туку инфраструктурни објекти како изградба на патишта, водовод, фекална канализација. – изјави г-дин. Петров за Дневник.

Интересна изјава. Ако се погледнат бројките од истражувањето на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, тогаш ситуацијата е поразителна. Да ги погледнеме:


  • Две-третини од луѓето во селата се доселуваат во градовите,
  • 40% од селаните се сиромашни, – 60% од возрасните немаат завршено основно образование
  • Стапка на неписменост е 10%
  • 90% немаат добар пристап до училиште, болница, па и театар,

пишува Дневник повикувајќи се на истражувањето на Институтот.

Гледајќи ги тие бројки, се чини дека им нема спас на сите кои живееат во руралните средини. Прашањето кое г-дин. Петров го поставува е дали треба да
потрошиме 4 милиони евра за 4 годишен проект за интернет по селата?

Јас велам да, бидејќи не би сакал да ја оставиме баба Марија од с. Гермијан, Битолско на цедило без World Wide Web. Зошто и таа да не биде дел од дигиталниот свет?

{mosimage}

Интернетот е неопходен и еве зошто:

  • Комуникација – со интернет луѓето во руралните средини ќе можат полесно да комуницираат со своите блиски, трговците… Куќите по селата се оделени, продавниците се далеку, градот уште подалеку. Зошто и тие да не се приклучат на друштвените мрежи?
  • Информирање – Со интернет сите од руралните средини ќе имаат пристап до свежи информации од весниците. Покрај весниците со интернет ќе се има пристап и до информации кои се директно поврзани со земјоделието, сточарството…
  • Пристап до сервиси – Ќе има пристап до јавните онлајн сервиси. Можеби ги нема многу или лошо функционираат, но ова е почетокот. Зошто да не поднесат документи за субвенција или нешто што им е потребно на луѓето, наместо да патуваат 10-20 километри. Или доволно е само да прочитат онлајн, да се информираат какви документи и што им треба за да поднесат, наместо да патуваат беспотребно.
  • Образование – Ако не можат да стигнат до школите, ќе можат да го искористат интернетот да научат нешто. Од септември имаме македонско образование 2.0. Зошто да не може некое дете да го искористи интернетот да дојде до потребните материјали или комуникација со професорот/учителката и да доаѓа во школото само за испитите?
  • Нивната иднина – Како ќе може некој кој живее или израснал во рурална средина, без идеја за компјутер или интернет, да се најде во градот и да може да се избори за квалитетно работно место според својот потенцијал, ако денес прво што се бара е ИТ образование.

Навистина самиот интернет нема да им го смени животот на подобро ако немаат компјутер или не знаат да го користат. Проблемот со водата, канализацијата и патиштата нема да го снема со интернетот. Но интернетот може да донесе друга димензија на животот, може да им го подобри квалитетот на животот.

Можеби сево ова ви звучи футиристички за Македонија, но светот се менува. Затоа јас велам место 4 милиони евра за 4 години, владата да даде 12 милиони евра за 4 години за ИТ рурални средини и селани 2.0.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk