ИТ.МК: Apple iPhone 3G vs. Blackberry Storm

во ИТ.МК

{mosimage}Кој од овие два телефони е попопуларен во Македонија? Кој телефон го преферира машкиот пол, а кој женскиот доколку би имале избор помеѓу двата? Се решивме да дознаеме искористувајќи ги вчерашните е-маил пораки испратени по повод прво априлската “наградната игра” каде “доделувавме” 10 iPhone и 10 Storm телефони. Самите учесници во насловот на е-маил пораката го внесоа моделот кој го преферираат. Пред бришење на е-маил пораките, со цел зачувување на приватноста на оние кои испратиле, одвоивме неколку минути за да направивме мала проценка.

Доколку сакате да прочитате повеќе за "наградата игра", во која учествуваа вкупно 372 читатели на IT.com.mk, кликнете тука.

Анализата нема никаква скриена намена, туку едноставно сакаме да го прикажаме вкусот на нашите читатели. Полот го определивме искористувајќи ги имињата или самите е-маилови, а пораките каде што не беше јасно, ги изоставивме.

Долунаведените бројки се извлечени од вкупно 367 посетители (во 3 пораки учесниците не се изјаснија за кој модел, додека во 2 не беше јасно дали е машки/женски пол).

{mosimage}

Според она што може да го забележиме, кај машкиот пол (253 учесници), попопуларен е Apple iPhone 3G телефонот. Дури 57% се изјаснија дека повеќе преферираат да добијат iPhone отколку BlackBerry Storm, додека изборот кај 43% беше Storm.

Кај женскиот пол (114 учеснички), иаку со мала разлика, побројниот избор е Storm, кој беше побаран од 54%, додека интерест за iPhone имаше кај 46%.

Според она што можам да го забележам тука, T-Mobile (iPhone) и VIP (Storm) имаат интересен пазар на кој има голем интерест и за двата мобилни уреди кои се во иста категорија, па според моите очекувања победникот (оној што ќе продаде поголем број на телефони) ќе биде тој што повеќе ќе се потруди околу презентацијата и промоцијата на моделите. Би било интересно доколку и двете компании после извесен период излезат со конкретни бројки.

Продажбата на ваков вид телефони кои овозможуваат лесен пристап на интернет и нивното користење само посебе е од доста голема важност за развојот на информатичкото општество, бидејќи пред сé се отвара еден нов пазар.

Овие статистички податоци не ги сфаќајте до толку сериозно, бидејќи недостастуваат голем број детали за учесниците кои би ја направиле поконкретна анализата, со што би можело да се извлече нешто повеќе.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments