Сервер е опслужувач, онлајн е вклучен

во ИТ.МК

Но, според изјавата на министерот Ивановски очигледно дека ИТ станува политичка тема. Од кога познатите термини како сервер, онлајн, драјвер, хард диск се зборови кои играат улога во притисокот на Грција да го загрози македонскиот идентитет?

Секојдневното користење на овие зборови не прави не-Македонци?

„Со проектот ќе се обидеме да ја развиеме свеста кај младите да почнат да ги користат македонските зборови и ќе ги збогатиме и заштитиме македонскиот јазик и писмо“ вели министерот Ивановски.

Сега со „опслужувач“, „вклучен“, „двигател“, „тврд диск“ ќе си го заштитиме идентитетот и со тоа ќе просперира информатичкото општество во Македонија?

Веќе во вториот пасус од текстот објавен на MIO.gov.mk пишува „група составена од претставници на министерствата за информатичко општество и за култура и од Катедрата по македонски јазик при Филолошкиот факултет
ќе врши идентификација на термини и зборови од областа на ИКТ за кои во комуникацијата се користат англиски термини.“

Значи еден пасус подоле и по една изјава овие термини се англиски кои се користат во комуникацијата, што нема апсолутно никаква врска со „притисокот од јужниот сосед“?

„Работната група треба да ги класифицира зборовите во три групи: зборови за кои треба да се најдат соодветни македонски за постоечките англиски, зборови за кои треба да се направи соодветен превод од англиски на македонски и трета група англиски термини кои се широко прифатени и за кои нема соодветен превод, односно ќе се прифатат во нивната оригинална форма“ продолжува текстот на MIO.gov.mk.

Има интересна коментари оставени на сајтот на A1. Еве дел од нив:

  • „Идејата сама по себе не е ни толку лоша (прашање е дали е потребна во овој момент, да не се сфати како уште една провокација), но треба малку да се обрне внимание преводите/термините да значат тоа што треба да значат (on-line на линија или во погон итн. Споменатите изрази воглавно се погрешни (исклучен = off, вклучен = on, двигател = engine итн)“ вели Петре од Торонто.
  • „Бравос. Чиста петка по географија за министерот. Очигледно е дека гркофонска Грција не тера со сила да користиме англицизми измислени во Силиконската Долина на Америка.“ вели Бобан од Вашингтон
  • „Добро а зашто нема проект и за албанскиот јазик, нели е службен јазик во општините со повеќе од 20%? Тоа ти е цела западна Македонија…после немојте да се чудите кога не почитуваат некои закони во Тетово или Гостивар, бидејќи владата не ги почитува граѓаните и законите во овој дел“ вели граѓанин од Западна Македонија.
  • „Ова е нешто што долго го очекував и многу сум среќен што конечно некој се сети да го заштити нашиот убав јазик. Браво.“ вели Атанас од Од далеку.

Еве го останатиот дел од текстот на МИО:

„Наведувајќи примери за соодветен превод на зборови за кои граѓаните се изјасниле министерот Ивановски рече дека за зборовите „он-лајн“ би се користел зборот – „вклучен на линија“, за „оф-лајн“- исклучен од линија, за „сервер“ – опслужувач, за „веб сајт“ – веб локација, за „драјвер“ – двигател, за „хард диск“ – тврд диск, за „лап-топ“ – пренослив компјутер…

Според Ивановски, кај фонтовите кои постојано ги користиме на македонски јазик има проблеми бидејќи некои печатни букви не се од нашата азбука.

Со проектот се опфатени 20 фонтови со печатни букви, 20 со серифни букви и ракописни букви. Секој од овие фонтови содржи по 743 карактери и овозможување пишување текстови на околу 40 светски јазици, рече Ивановски, посочувајќи дека фонтовите треба да бидат завршени до почетокот на септември годинава.“

Да не бидеме сфатени погрешно. IT.com.mk го поддржува обидот да се направи соодветен, функционален и употреблив ИТ лексикон. Кога прочитавме за проектот ИТ лексикон објавивме дека е одличен потег на Министерството и дека комплетно ќе го поддржиме.

Но, со апсурдната изјава на министерот Ивановски „Со притисокот што доаѓа од јужниот сосед, се повеќе се нарушуваат нашиот идентитет и јазик и се загрозува нашата азбука“ се гледа дека ова е погрешен политички потег пред сé.

Како сега да гледаме на ова како на СЕРИОЗЕН обид да се стандардизира македонскиот јазик во ИТ по вакви апсурдни изјави? Како прогресот, функционалноста и промовирање на ИТ општество воопшто да не е важно, туку на ова се гледа како на уште еден инструмент за собирање политички поени.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments