Среќен прв роденден 0.mk!
Македонскиот скратувач на линкови 0.mk наполни една година, а за тоа време скрати над 25.000 линкови кои се прегледани неверојатни 1.3 милион пати. Сервисот се појави откако Twitter стана популарна мрежа во Македонија, а откако воведе профили и други опции стана доста корисна алатка за споделување кратки персонализирани линкови и по другите мрежи.