0 коментари 2 мин. читање 5 јули, 2010

ИТ анкета: Android e oмилениот мобилен ОС

Треба да се каже дека оваа анкета не е каков мобилен користиме и кој е најкористениот, туку анкетата е кој мобилен ОС го преферираме, односно посакуваме.

Од другите два, Windows Mobile доби 93 гласа односно 16%, додека BlackBerry OС доби само 27 гласа или 5 отсто.

Од анкетата може да се види дека Аndroid ќе може да стане најпопуларен ОС на македонскиот пазар, ако се земат две гледишта. Првото е дека iPhone е доста популарен ОС, но во реалноста е доста и скап мобилен за просечниот македонски корисник, од кои голем дел се уште не користат паметни телефони. Со пробивање на поефтините Android телефони ќе има повеќе корисници.

Ако на ова се додаде и натпреварите како Vip Android предизвикот каде се стимулираат програмерите да направат креативни мобилни апликации за македонските корисници, Android ќе добие доста локални апликации. А токму апликациите се движечката сила на паметните телефони на пазарот бидејќи го претвараат уредот од само телефон во мини компјутер.

Но… тоа се желбите и предвидувањата. Останува да видиме каква насока ќе фатат корисниците.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}