1 коментар 2 мин. читање 22 јули, 2010

ИТ.мк: Со хоби до интересна бизнис идеа

„Покрај тоа што сум насочен кон ИТ, програмирење и што сум студент на ФЕИТ Скопје, цртањето е мое хоби. Цртам со молив, со боја… А од неодамна почнав со електронско цртање, значи користам Pen таблет и рачно во Photoshop цртам на компјутер. Еден од првите цртежи е мое аватарче, кое го нацртав и користев како аватарче и на IT форумот. :) Така ми се јави идеја за цртање на аватари. Им направив на неколку другари и гледам дека се задоволни од тоа како изгледа и тоа колку личат на себе.“ вели Никола.

Идејата за продавање на овие аватари доаѓа од тоа што на секој од нас му е потребна слика за да се истакне на друштвените мрежи, Facebook или Twitter и други.

„Повеќето од луѓето (корисниците) на друштвени мрежи, форуми итн. користат слики најдени на интернет или слики кои воопшто не укажуваат на тој корисник. Па според мене, зошто и да немаат сопствена слика, каде што ги има нив, секако со мал примес на карикатура.“

„Значи, како што кажав, имам изработено неколку аватари за мои пријатели (дел од нив ги има на постерот). Постерот, за аватари по нарачка е тазе направен, така да, се надевам на голем број на нарачки понатаму. За иднина, немам многу размислувано, но се надевам за давање на гратиси и слично.“

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Ванчо Орданоски

Пишано…

Мени
Заедница
Изглед
To top