Знаејќи едноставна информација, кој сум на ред и за колку време ќе ми дојде редот и ќе можам да излезам и правам нешто корисно, наместо да се гушам во тесен ходник.
И за мое изненадување тоа се случи. Наидовме на конкретен систем кој функционира, за наши услови, прекрасно.
Имено, клиниката за клиничка биохемија во болницата во Скопје, (каде се анализира крвта) имаат поставено кликни-и-земи-си-бројче систем. Доаѓате на клиниката, кликате на црвеното копче и наместо светот да експлодира како што се очекува од црвените копчиња, тој доаѓа во перфектен ред – добивате бројче и си го знаете местото.
Горе над вратите стои дисплеј кој го покажува бројот на тој што е на ред. Кога ќе заврши пациентот сестрата клика копче и се менува бројот, сестрата викајќи го кажува бројот, наместо некое елегантно звукче, но тоа не е проблем :) , и влегува наредниот пациент.
Знаејќи едноставна информација, пример дека има 10 луѓе пред вас и дека за секој нареден пациент треба да пројдат од 5-10 минути да се услужи, вие можете да го посветите времето да излезете на воздух надвор, да се прошетате, да направите нешто корисно наместо да се буткате и дремете во тесен ходник.
Не сум сигурен дека ова е ново нешто, можеби постои одамна, но тоа што е важно е што функционира одлично.


Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.