Зборовите се мои! Расправа за дигитален македонски речник

во ИТ.МК

Но Институтот за македонски јазик се противи на проектот на Sam велејќи дека треба да им се плати за авторските права, пренесува Дневник. Имено, голем дел од дигиталниот речник ќе содржи зборови од четирите тома од Толковниот речник на македонски јазик, толковник кој е составен од тимот лингвисти од Институтот за македонски јазик. Друг дел од зборовите ќе дојдат од Речникот на македонскиот јазик на Блаже Конески.

Sam97 се цврсти во своето верување и велат дека ќе го објават речникот.

„Прашање е кои се носителите на авторските права, дали е државата, која им дала пари или, пак, тимот што го работел речникот.“ вели Шинаси Деребеј, директорот на германската компанија.

За Институтот на македонски јазик авторските права се нивни.

„Одговорот е јасен, концизен и недвосмислен: авторските права се на авторите на Речникот и соодветно на Институтот за македонски јазик. Во четирите тома досега објавени има 200 авторски табаци и тој труд тие сакаат да го користат за свој личен профит.“ вели Веселинка Лаброска, директор на Институтот, за весникот Дневник.

Кој е всушност сопственик на македонскиот јазик? Дали ако јас направам речник со зборови и нивно значење, дали ќе бидам тужен бидејќи некој пред мене го сторил тоа, иако зборот не може да има друго значење? Интересно е што Толковникот на Институтот е спонзориран од Министерството за култура.

Еве интересна поента на блогерот Волан a.k.a Александар Димитријевиќ.

„Кој е сопственик на Македонскиот јазик – може ли оние кои секојдневно се во редовен работен однос во Институтот за Македонски јазик да бараат авторски хонорари за работа која ја извршувале додека примале плата. Зарем поради редовниот работен однос тие не ја ги пренесуваат авторските права на државата која им плаќа плати од редовен работен однос.“

Поентата е дека ќе добиеме бесплатен речник на интернет кој може да го користи кој сака и кога сака! Но ние остануваме со 4 тома Толковник кој нити сум го видел, а уште помалку користел. А вие?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
49 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Филолог
Филолог
14 years ago

Вака… Колку што знам, за авторските права. Глупост е да се мисли дека Институтот КПМ има авторски права за зборовите, тие се ничии. Значи, она што подлежи на законот за авторски права се дефинициите на зборовите, чиишто автори се вработените во Институтот (за поконкретно треба тие да се изјаснат кој бил одговорен за кој дел од речникот). Е сега, ако некој изработува дигитален речник, нормално дека може да ги користи заглавните зборови од Толковниот (којшто е жива фушарија и срамота за Институтот, за тоа гарантирам) и од другите македонски речници, но мора да направи свои дефиниции, или доколку во ограничени случаи мора да користи нечија дефиниција, тогаш мора да го наведе изворот. Во секој друг случај, тоа се смета за плагијат и плагијаторот сноси кривична одговорност.

Е сега, конкретно за изработката на дигиталниот речник. Таа идеја ја поздравувам, веќе го користам речникот што секојдневно се ажурира, и мислам дека, со некои исклучоци, не е воопшто лош како алатка, иако јас не би го цитирал. Во ситуација кога се’ уште немаме елементарни помагала (Толковниот речник на Институтот слободно ќе го исклучиме, не вреди ни петпари, при што ни останува само пусти Блаже од 1965година, којшто е солиден речник, независно од застареноста), и еден вака мал напредок е нешто.

New Duck
New Duck
15 years ago

pa koga ne investira nekoja makedonska kompanija ( http://it.com.mk/nominirani/ ) vo edna smesna rabota za nivnata golemina ( mnogu jaki zimi k… firmi ) – digiralna verzija … slobodno stranci neka go pravat toa, a ne sakam ni da pomislam kolku tie firmi kolku ja olesnale makedonskata kasa za proekti koi lebdat vo vozduh. Najiskreno neka go pravat toa germancite barem znaeme deka ke e online 100% od vremeto …
Se iznervirav za se …. R$#&&*&^%$KJDHSFJKHIY^TERFVBXNJUI

Валери Илиевски
Валери Илиевски
15 years ago

Па що се лютете бре…не ви треби речник и то од Германия, ке ви дадем бугарскиот тулковен речник…Па може джанъм да се найдеме, събереме и побългариме!

New Duck
New Duck
15 years ago

golema misla od maliot mozok na cicko Valeri !

Елена Игнатова

Може би ве интересирал овој сајт, каде сите може да придонесете во креирање на речници и терминологија:
Складиште на речници и место за развој на (нова) терминологија или речници по пат на соработка. http://terminologija.org.mk/

New Duck
New Duck
15 years ago

pazi sponzori ( so digestivno vlijanie vrz mene i pogolemiot del od IT scenata vo mkd ) c c c c ma se u k… zaminao vo drzavava ni nasha….

Ана
Ана
15 years ago

GET WITH THE PROGRAM!!! Нема што да ви солам памет, сигурно сте забележале дека ако ви е потребно толкување за зборовите од англиски, француски и сл. ќе ги најдете на интернет без проблем. Мерак ми е да си барам зборчниња преку answers.com кој ми ги сумира резултатите од 5-6 речници и лексикони за англиска терминологија од сите можни домени па уште имам и привилегија да добијам разновидни мислења. Слично е и за францускиот…. А кога се работи за мојот мајчин јазик, треба да и вртам на тетка ми за да ја прашам дали некој збор е стандарден или не. Кога се работи за професионален жаргон, потрагата е уште потешка….

@dr_virus
15 years ago

Според мене
Греманска е фирмата не е Македонска не плаќа данок во Македонија и нема никакви права да се занимава со Македонските работи. (Дали бил Германски Албанец негов проблем никој не работи без профите)
п.с
Ако можел гугле сам да постигне успех со гугле транслате можат и другите без дарови исти правила за сите.

name
name
15 years ago

Викторе, комплетно ја изобличуваш дебатата. Ај биди човек и престани да ги вадиш работиве од контекст. Не сакам да верувам дека навистина не сфаќаш што ти се говори. Какви авторски права на зборот и на јазикот, побогу?

Велковска, извини ама не сме ’61-ва. Авторските права за кои бладаш се спомен од минатото. Може фин хоштаплерски изговор за придобивање на право на ветер и магла, ама одамна завршена работа. Толковникот ќе биде поставен во бесплатна дигитална форма, без разлика дали тоа некому му е по кејф или не.

Инаку печатеното издание го имам по дома. Не постои новинар/писател во Македонија што не го поседува.

gemidjy
gemidjy
15 years ago

јас прочитав: блаблабла јадајадајада….

сфатив: уствари поентата е дека Виктор плачи дека нема парче од тортата за него (покрај редовните плачки за крадење содржини :)), а Велковска генерализира дека е најјак новинар на цел свет, па дури и часови ќе држи.

Фино.

@ViktrArs
15 years ago
Reply to  gemidjy

Мојата содржина е СЛОБОДНА за превземање од БЕСПЛАТНИ сајтови, но не и КОМЕРЦИЈАЛНИ кои прават пари од содржината.

Исто треба да е и за толковникот.

@ViktrArs
15 years ago

Колку секси избегна да ја пишеш цената? Колку е по том? :)

@bvelkovska
15 years ago
Reply to  @ViktrArs

Не знам точно, ама можам да прашам. Кога излезе првиот беше мислам 2000, а потоа цените паѓаа. Мислам дека сега еден чини 850 (не ме фаќај за збор), а во пакет има пак некој попуст

@ViktrArs
15 years ago
Reply to  @bvelkovska

„Во подготовка се 5-тиот и 6-тиот и, колку што знам, 5-тиот е најавен за почетокот на идната година. “

6.000+ ќе пукнат? Знам, бидејќи има хартија, корици се печати итн итн други трошоци.

Луѓето се нудат да направат дело кое ќе чини малку, па и да наплаќате пристап ќе чини 100 до 500 од логирање. А Институтот не сака да соработува.

Бидете реални, не продавајте елитизам само одредени да го користат. Имате студенти, ученици, луѓе кои не сакаат да купат томови за енда употреба итн итн.

@bvelkovska
15 years ago
Reply to  @ViktrArs

Пак шпекулираш сеа. 6.000 не бил ни првиот кога првпат се појави. Смешни ти се бројките. И не знаеш дали не сака да соработува, бидејќи не си ги прашал. Не сака да ги отстапи правата како да ги нема. Соработка не значи ти поставуваш правила, а ја се согласувам

@ViktrArs
15 years ago
Reply to  @bvelkovska

Цифрата е за неколкуте тома! ffs

A соработка значи – “Вие знаете да направите дигитално издание“ – „Да.“ – „Ама да наплаќаме ќе делиме“ – „Ок“ – и сите среќни.

@bvelkovska
15 years ago

И малку патриотизам за крај – еве патриотски ти се нудам бесплатно да ти го излекторирам сајтот, на кој очигледно му треба лектура (пази, казниво со закон е медиум да нема лектор, макар бил и онлајн, освен ако не го сметаш Ит.ком.мк за блог?!). Цените се 5 евра страница за материјал до 20 страници; 3 евра страница за материјал меѓу 20 и 100 страници; и 1 евро страница за материјал над 100 страници. Па пресметај колкуќе заштедиш :) Тука сум и за часови по новинарство, ако сакаш
Ако сакаш и ти можеш да бидеш патриот – направи ми програма за онлајн-речник, јас ќе го изработам (од ново, не препис) лингвистичкиот дел, па ќе го ставиме на нет без пари. Што викаш, а?
Толку од мене

@ViktrArs
15 years ago
Reply to  @bvelkovska

„И малку патриотизам за крај – еве патриотски ти се нудам бесплатно да ти го излекторирам сајтот.“

Зошто е патриотски ако ми го излекторираш сајтот. Слободно, направи го тоа ќе ти бидам благодарен и на секој текст ќе добиеш благодарност + линк како промоција, нема потреба да си продаваме патриотизам.

„Тука сум и за часови по новинарство“

Се собрале entertainment и tech јоurnalists па си продаваат новинарство. хаха извини ама глупаво е да ме навредуваш во недостаток на поенти во толку долги коментари.

@bvelkovska
15 years ago
Reply to  @ViktrArs

Основите на новинарството се исти, без оглед во која област пишуваш. И не ми беше поентата да те навредам. Ме иритира кога се води дискусија без да е присутен повиканиот. Коректно ќе беше пред го објавиш текстот, да им се јавиш на засегнатите и да побараш да ти објаснат се што не ти е јасно. Само така можеш да добиеш коректен текст. И всушност твојот текст е најмал проблем (нека е твој став, прифаќам), ама има куп други будал, што ќе ретвитаат или ќе споделат на кој и да е начин и твојот личен став ќе стане факт, пак без да е прашана другата страна.
Тоа што медиумот е онлајн, не го ослободува од одговорноста за објавеното. Ајде позз, стварно немам што повеќе да додадам

@bvelkovska
15 years ago

Правењето ВС препишувањето нема да го коментирам, бидејќи очигледно не си сфатил ништо од тоа што напишав, па џабе би биле понатамошни објаснувања. Прво треба да научиш што е научна методологија и како се прави. Не сум јас таа што ќе те едуцира како се прави речник, ама ако толку те интересира, третпат ти кажувам, посети ги, види ја картотеката што се уште не е дигитализирана, пробај сработи 1 збор по нивната методологија (волонтерски се разбира)…

Проект од национално значење – не го измислив јас ова. Така е класифициран од Министерството за култура. За жал само на хартија.

@bvelkovska
15 years ago

Навредливи се и другите коментари за луѓето што работеле на речникот. Тебе ти одговорив на Твитер, а ова овде беше за другите коментари, ама жалам ако се пронајде :). Еве да ја завршиме дискусијата. Прво, не ме мешај мене – кажав, ја моето го одработив волонтерски (видов колку е саат и сега работам тоа што работам, знаеш нели) ама знам во какви услови работат тие што се таму. Настрана каков и да е хонорар за нив (кој го нема, нели), овде проблемот е што некој им ги оспорува авторските права. Бараш некој да биде патриот за нешто за кое државата не се секира доволно??? Ако речникот е потребен за општо добро (а е потребен!!!) нека им овозможи соодветни услови за работа на тие што се стручни. Нека финансира сајт на кој ќе го постави тој речник. Со кое право приватна фирма го бара? Евентуалните рекламите навистина се небитни во приказната.

rajko
rajko
15 years ago

iskreno, kako laik za ovaa tema prvo sto napraviv e toa da gi procitam vnimatelno site komentari a tek potoa odluciv da pisam moj "laicki" komentar.
znaete ……… od koja i strana da poglednete site ste vo pravo do nekoja stepen. Mozebi i nema visoki plati vo Institutot, mozebi i nema pari za proekti, kako i kadar za nivna realizacija no edno e jasno : pocnavme da ziveeme vo "digitalnata era" a se sto e elektonsko e i FREE (koga togas), zatoa ………. batalete "avtorski prava i ostanato" za vakvi NACIONALNI INTERESI
p.s Vo sekoj dr administrativec treba da postoi bar gram entuzijazam ……. besplaten se razbira

Ванчо Орданоски

@Баже

„Теориите на заговор“ се реална и јасна опасност за македонскиот народ и нација.

– Немаме ниеден сосед кој нѝ мисли добро.
– Море, половина од македонските политичари (етнички македонци) не нѝ мислат добро. (Љубчо Тута Георгиевски прв ми паѓа на ум).
– Директорот на Институтот за национална историја Зоран Зоки Тодоровски во своите трудови пишува дека не сме биле Македонци, туку Бугари (WTF).
– 50.000 македонци во последните неколку години се прогласија за Бугари.
– Зоран Вранишковски (наскоро jailbird) нѐ прогласи за Срби.
– Ако Грците решат да им ја вратат земјата, 80% од Егејците ќе се прогласат за Грци.
– Дури и факинг Спаска Митрова, во координирана операција, ни ја расплака мамата (на меѓународен план).

Албанците, како што гледаш, не ги споменав.

За крај, бидејќи самоволно станав grammar-nazi во дискусијава, Безпомошни != беспомошни

Баже
Баже
15 years ago

Yeah sure – just like Bush did! Ал Каеда не` напаѓа – па сигурно и Ирак ни е непријател. Каква врска имаат Зоран, Бугарија и Грците со твојот страв од некоја германска фирма и нејзиниот директор кој бил германски албанец? И од каде па си толку сигурен дека е албанец?

И за крај – патетичен си со граматичкиве исправки! Како нереализирана учителка во трето оделение!

Ванчо Орданоски
Reply to  Баже

1. Македонија не е САД. Такви генерализации не се применливи.
2. Јас зборував за опасностите кои ја демнеат Македонија. Но, во дискусијата кажав дека, сѐ додека не го дознаеме кредибилитетот на германската фирма (и тоа и политичкиот, но особено научниот), мора да бидеме скептични.

За крај, нема потреба да си го покажуваш невоспитанието и да ме навредуваш, згора на сѐ, анонимно.

Баже
Баже
15 years ago

Јас навредувам? Ти ги потфати овде сите – од германските албанци до егејците… ватевр…

@ViktrArs
15 years ago
Reply to  Баже

"За крај, бидејќи самоволно станав grammar-nazi во дискусијава, Безпомошни != беспомошни "

Можеби е и потребно. :)

@ViktrArs
15 years ago

И да, да бидам појасен. Ако Sam97 почне да продава реклами или да вади пари од „бесплатниот“ речник, како што вели директорката на Институтот тогаш да го поддржувам Институтот и нивните авторски права.

Ок, ќе почекам да видам кога (ако воопшто) Институтот објави дигитална верзија.

@bvelkovska
15 years ago

5. Какви пари мислите дека прават од продажбата на речникот? Да си ги платат сметките за парно на Институтот, зашто не им стигаат тие одделени од буџет? За да си створат какви-такви услови за работа? А каде се видело некој да дели речник без пари? Оксфорд некој да не го дели без пари???? Или некој од „патриотиве“ погоре што плаќале за платите на вработените да не направил нешто гратис за општо добро? Патетика.
6. Не мешајте плата со авторски хонорар. За платите тие луѓе сработеле доволно, не само овој проект. Авторски хонорар за Толковниот речник, проект со национално значење, никогаш не добиле (Македонија е последна земја од словенските што немаше свој толковник, пред појавата на овој).
7. Кои и да се мотивите на господинот што сака да направи „општо добро“, малку се изгубил во преводот т.е. толкувањето на Законот за авторски права. Општо добро може да направи и ако донира во Институтот. Нека им ги финансира проектите, дополнително од тоа (минимално) што го прави државата. Или нека го испоти газот и нека направи речник

Баже
Баже
15 years ago
Reply to  @bvelkovska

Сори – денес баш и не сум толку патриотски настроен. Повеќе се чувствувам како ограбен. Тоа во западните демократии е основно чувство кога државата троши пари на институции кои се црна дупка.

Македонија не е последна земја што немаше свој толковник – зашто НЕМА свој толковник. Му фали една третина на она за кое ти зборуваш.

И пак патетични – ај некој нека им даде пари на кутрите мрзливчиња од институтот.

@bvelkovska
15 years ago

Фасцинантно е колку неписмен народ си дозволува да дискутира на теми за коишто поим нема. Еве факти за тие што ги мрзело да ги побараат сами:
1. Толковниот речник може се работел со години, но оваа екипа што го работи сега го презеде во 2002 година и за само 1 година го објави првиот том (почнувајќи од корен со работата, не навлегувам колку, како и зошто било сработено претходно). За неупатените, такво темпо во лексикографијата е апсурд. Истите национални проекти во други земји се работат со години. Но, нели доцниме, некој претходно не сработил ништо, па сегашната екипа работи под притисокот на јавноста за да ја надомести празнината.
2. За 6 години, до 2008, излегоа 4 тома – повторно апсурдно и ненормално темпо за една ваква работа. Во подготовка се 5-тиот и 6-тиот и, колку што знам, 5-тиот е најавен за почетокот на идната година.
cont

@ViktrArs
15 years ago

"Дрско е "деловна тајна" – каква бре деловна тајна – на татко ти фирмата ли е ова? "

Тоа е неверојатна изјава. Ако очекуваат да направат пари од веб издание тогаш …

Баже
Баже
15 years ago

Не ми е гајле колку е висока нечија плата – ако тој не работи ништо – платата му е превисока! Особено ако јас го плаќам!

Лексемите, идиомите и примерите не може да бидат под копирајт на КПМ па и по 10 реизданија – тие се дел од македонскиот лексикон и богатата македонска литературе. Тоа што они го изработиле во овој толковник се толкувањата. Ако тимот на sam97 (за кој во Дневник е спомнато дека е составен од македонски лингвисти), ги преработи толкувањата кои (@Новица) не се во рамките на секојдневното знаење на луѓето, тогаш со online-толковник јас лично добивам многу.

После тоа, нема да ми е грижа ако тој тим го води германски албанец. Теориите за заговор во кои албанците цело време се трудат да ни наштетат се безпомошни во овој круг на соговорници.

Ванчо Орданоски

Оваа работа се влечка повеќе години наназад (што да правам, памтам к'о слон).
Во „Дневник“ изгледа новинарите им се на одмор, па вадат теми од нафталин. Но, тоа не е битно.

Во еден момент, комуницирав (по емаил) со г-дин Деребеј и ги изразив своите резерви кон нивната намера. Добив одговор дека „имале право“, „граѓаните ќе бенефицирале“, итн. Валтер го брани Сараево.

Работата е повеќеслојна, бидејќи се работи за чувствителна тема, која задира во самото јадро на македонскиот народ — неговиот јазик. Кој сѐ ќе се занимава со таа работа не е сеедно.

Знаеме дека (како нација и народ) сме оспорувани од многу душмани, и би било лошо контролата над кодификацијата на јазикот да се предаде на некои анонимуси од Германија.
Ние не ги познаваме, не знаеме кој стои зад нив, зошто одеднаш добиле добротворен нагон и кој и од кои побуди ја финансира целата операција (а сѐ повеќе личи на некаква координирана операција).

@mitemitreski
15 years ago

Како и да е ни треба еден добар бесплатен македонски речник без разлика кој го финансира, а тоа дека вработените земале плата воопшто не е битно ако во нивниот договор за работа не се вклучени баш тие авторски права.

Исто како што секој програмер е сопственик на својот код без разлика кој го нарачал ако не е спротивно наведнео во некаков договор.

Ваквно нешто ни недостига иако може да се види некој скриена агенда за ова

Ванчо Орданоски
Reply to  @mitemitreski

Потполно се согласувам со тебе — државата *мора* да обезбеди бесплатен, но званичен и научно издржан, македонски речник, токму за да го одржиме и поддржиме нашиот идентитет.

Само, изгледа дека ќе мораме прво да ја изградиме Портата … :)

Dobronamernik
Dobronamernik
15 years ago

Идеата за дигитализатија на лексиконот е добра и за поздравување. И така сме на многу ниско ниво што се однесува до леклички ресурси за македонски во електронска форма.

Но, авторските права треба да се дискутираат пред да се започне реализацијата на проектот. Неможе да се обвинува никој што сака да заработи (да го продава лексиконот – дури и ако екстремно скапо) за тоа што го сработил. Креирањето на вакви ресурси е макотрпна работа.

Според мене, коренот на проблемот е тоа што оние што го направиле самиот лексикон не се отворени за соработка, ниту пак имаат намера да го издадат лексиконот во дигитална форма под своја капа. Причината не ми е јасна, сигурно до имаат во некоја дигитална форма, валјда не го куцале на машина за куцање.

@ViktrArs
15 years ago
Reply to  Dobronamernik

"Причината не ми е јасна, сигурно до имаат во некоја дигитална форма, валјда не го куцале на машина за куцање. "

Win!

Трикот е што тој лексикон е 2000+ денари. Ако е во дигитална форма ќе треба да наплаќаат бидејќи ќе сакаат пари.

Ванчо Орданоски
Reply to  @ViktrArs

Правењето на лексикон дефинитивно е авторски труд. Дали правата му припаѓаат на самиот Институт или на вработените кои работеле на него, во овој спор со САМ97, е потполно небитно.

Битно е дека САМ97 нема авторски права за „прекуцавање“ на Лексиконот, ниту за негова модификација. Тоа не е спорно.

@Dobronamernik: Аман, научете веќе еднаш дека се пишува ИДЕЈА, а не ИДЕА! Сте бегале од часови по македонски :)

Dobronamernik
Dobronamernik
15 years ago
Reply to  @ViktrArs

е ако де, не е страшно ако сакаат пари. Тоа е нормално и јас би барал пари да сум на нивно место. Но, мислам дека они се малку засекриани дека некој ке може лесно да го репродуцира речникот и дека нема да имаат контрола врз тоа.
Она што мене лично ме нервира е тоа што не сакаат да соработуваат, дури ако сака човек да помогне, продолжи од кај што они стигнале. Лексиконот е многу повреден ако е достапен во дигитална форма, дури и да не е за general public. Од тоа можат чуда да се прават, за тие што тоа ги интересира …

@Ванчо: Good Point, note taken – невнимание. Среќа сме седеле на други часови :D

Дејан Commented Младеновски

Ова е апсурдно… Авторските права на Речникот, Лексиконот да можеби припаѓаат на Блаже Конески, како оригинален автор на првиот речник на македонскиот јазик, и КПМ за Лексиконот, ама тие авторски права важат за издавање на тие книги, ама не се тие сопственици на самите зборови и јазикот.. Па ако е така тогаш треба да почнат сега да ни наплаќат што го зборуваме македонскиот јазик, што ги изговараме зборовите од нивниот Лексикон заштитен со авторски права… Тоа е Наш речник, Наш лексикон не е на КПМ институтот…

Ванчо Орданоски

Потполно погрешно си ја разбрал работата…

Никој не тврди дека бараат авторски права на зборовите и македонскиот јазик, ниту сакаат да наплаќаат за тоа. Којзнае од каде си заклучил дека е така.

Новица
15 years ago

Чии се авторските права на толковниот речник зависи од договорот меѓу Институтот и Министерството, и издавачот на речникот – кој и да е тоа? Како објавено дело, толковниот речник подлежи под законот. (sucks a?) Така што КПМ се во право дека толкувањата како такви се нивни и не смеат да се користат.

@ViktrArs
15 years ago
Reply to  Новица

Законот во овој случај е против корисниците.

Место да добиеме бесплатен речник, сепак такво дело е надвор од нашите раце бидејќи Институтот не дозволува некој да им го дирне делото, и покрај тоа што се дел спонзорирани од државата + пари од продажба на Толковникот.

Всушност не е надвор од нашиве раци. Sam97 ако сакаат ќе треба да се вклучат во неколку-годишно истражување да направат свој речник. А Институтот во неколку-годишно истражување како да го закачи на интернет, за кој што ќе наплаќа.

Новица
15 years ago
Reply to  @ViktrArs

КПМ се буљаши по секоја точка. На пример го продаваа речникот на саем за прилично висока цена, кога веќе се знае дека парите за него се платени и тоа од граѓаните. Место да имаме сите по копија од него за 100 денари, требаше некои 2000+ денари да се платат.

Но, само делото во целост е заштитено. Ако Sam97 го пречукаат целиот речник и ги тргнат на страна комплицираните објаснувања да речеме за кои може да се види дека не се во рамките на секојдневното знаење на луѓето, тогаш ќе добиеме легален и полу и повеќе готов речник.

Впрочем ова може да го направи било кој и да го шлапне на wiktionary.org

Ванчо Орданоски
Reply to  Новица

Мислиш, граѓаните го платиле создавањето на лексиконот.

Но, што станува со печатењето? Графичката подготовка? Дистрибуцијата? *Тоа* се трошоците кои треба да се надокнадат.

Не сум баш сигурен дека Институтот плива во пари или дека платите им се многу високи.

Новица
15 years ago

Сигурно тие трошоци се предвидени? Но и да не биле, повторно, тие сигурно се од буџет. Не верувам дека КПМ ваделе *свои* пари да ги прават книгите? Така што цената што ја лепат на изданието само вели да не го купуваме.

Во секој случај, авторското право не се однесува на зборовите што се во речникот, ами на изданието во целост. Секој, буквално секој, може да ги пречука и да го стави тоа на интернет или во неговиот софтвер.

пс. Да и јас се сеќавам на приказнава од пред 2-3 години.

@ViktrArs
15 years ago
Reply to  Новица

„Секој, буквално секој, може да ги пречука и да го стави тоа на интернет или во неговиот софтвер. “

Да, каде е авторското право ако го јас пречукам тоа? Не збориме за авторско, креативно нешто-ново дело, ,зборуваме за зборови од јазик кој сите ние го користиме.

Авторско дело бидејќи им дале значење на тие зборови и ги наредиле по азбучен ред?

@trpsy
15 years ago

после некој сакал да ни го негира јазикот… па ќе ни го негира кога го чуваме на полица.

види ги сите огласи на kariera.it.mk