6 коментари 1 мин. читање

Интернет споредба на балканските земји

Ако се спореди бројот на корисници според бројот на населението (податоци од Светска банка), Хрватска е најповрзана земја, следена од Црна Гора, Македонија е на средина, додека далеку зад сите е Албанија. Процентуално интернет пенетрацијата на Балканот изгледа вака:

Мора да се забележи дека овие бројки се од 2008 година. Убеден сум дека податоците од 2009 година ќе покажат поголем раст на интернет корисниците и со тоа на процентот на пенетрацијата бидејќи ако се погледне графиконот кај сите земји се забележува постојан раст. Поголем скок се појавува во Грција во период од 2007 до 2008 година, односно голем пораст во бројот на корисници има и во Србија во периодот од 2004/5 до 2007 година. Според Небојша Радовиќ, српски блогер, во тој период се забележала помасовна промоција на широкопојасниот интернет.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top