ИТ.МК

3.907 написи

Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за ИТ.МК. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Блог ИТ.МК

Победниците на IT.com.mk Награди 2010

После скоро два месеци, конечно ги имаме победниците на IT.com.mk Награди 2010, одредени според гласовите од публиката (70%), која ги номинираше сите кандидати и можеше да гласа од 10-ти до 22-ри декември и според гласовите на жирито (30% од вкупните гласови по категорија) составено од основачите на IT.com.mk.

49 коментари Прочитај 28 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Хак-атак/Приватност

Скоро секој ден има поплаки заради Facebook, вели ДЗЛП

Интересен податок е дека Дирекцијата за заштита на личните податоци има директен контакт со службеник од Facebook посветен за проблеми со граѓаните и корисници на мрежата. Ова е потребно бидејќи скоро секој ден во последниве шест месеци Дирекцијата добива поплаки заради мрежата, но не сите се конкретни барања за превземање нешто, вели Елена Стојановска од ДЗЛП.

2 коментари Прочитај 24 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Пристига групното купување во Македонија со Колектива

Следниот месец, во јануари, во Македонија официјално ќе стартува Колектива, веб сајт кој секој ден нуди групни попусти од разни локални продавници, ресторани, бутици, кина... веќе има околу 60 .мк бизниси кои се заинтересирани да ги понудат своите услуги преку сервисот, вели Ванчо Костурски, кој го води Колектива.мк. На почеток ќе биде само во Скопје, а потоа ќе се додадат и другите градови.

5 коментари Прочитај 23 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Најдобрите .мк твитерџии на 140.мк наградите

На не-толку-официјален #tweetup или собир на твитерџии во Кафе Ли во Скопје, се прогласија неколкуте победници во неколкуте категории на 140.mk Twitter наградите. Сите победници добија симболични награди, кои беа донирани од неколку компании, а „Оскарот“ беше во форма на варено јајце со налепница која ја означуваше категоријата во која победиле.

4 коментари Прочитај 23 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Наскоро ќе стартува Wiki.мк, едно место за сите локални информации

(oва е гостински текст на Слободан Јаќоски од Викимедија Македонија, граѓанско друштво зад разни „Вики“ проекти, меѓу кои и Википедија на македонски)

0 коментари Прочитај 22 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Две Android апликации за сите скопски автобуси

Во Скопје сте, ви треба ефтин превоз, автобус, но не знаете каде оди „5-ката“ или каде се чека за „19-ката“. Тоа е честа појава за студентите од прва година, или луѓе од друга град дојдени во Скопје заради работа, посета или прошетка. Но сега не треба да се грижите бидејќи се претставија две интересни и корисни Android апликации кои ги прикажуваат сите автобуски линии, време на пристигнување на автобусот и нивните рути, користејќи мапи.

13 коментари Прочитај 21 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано ИТ.МК

МАРНет не дозволи регистрација на Wikileaks.mk?

Македонската академска истражувачка мрежа, МАРНет која има целосна контрола над .мк доменот, не дозволи регистрација на Wikileaks.mk домен без притоа да образложи конкретна причина, соопшти хостинг компанија МКХост преку својот Twitter профил. „Преку нашиот сајт добивме порачка за регистрација на доменот Wikileaks.mk, кој веднаш го проследивме до МАРнет. Истиот ден проследивме уште 2 домена. По […]

36 коментари Прочитај 20 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Победник на One Аndroid натпреварот е …

Патоказ, Virtuelno SK и MyBudget се Android апликациите кои ги освоија првите три места на One предизвикот. Сите три апликации добија интересна парична награда, а креаторот на првонаградената Патоказ, Јосип Јосифовски, ќе патува во Лондон во посета на седиштето на произведувачот на мобилни HTC.

39 коментари Прочитај 20 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Опсада на Бит-пазар? Први информации преку Twitter

<Надополнето>Немирот на Бит-пазар беше бидејќи полициската единица „Алфи“ тепале 15-годишен препродавач на цигари кој се обидел да избега кога „алфите“ вршеле контрола. Откако младиот препродавач бил пуштен од станицата во Автокоманда по два часа, револтираните граѓани ги тргнаа импровизираните блокади со контејнери од булеварот „Цветан Димов“. </надополнување>

14 коментари Прочитај 19 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Состојбата на онлајн медиумите во Македонија

Содржината на македонскиот веб сè уште е на нивото што Европа го имаше пред 10-15 години, се вели во истражувањето за онлајн медумите и онлајн новинарството на Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

2 коментари Прочитај 17 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Мафиа.мк стартува нова сезона, се проширува во Бугарија и Србија

Веб играта Mафиа.мк не случајно го избра името „БалКанКан“ за својата нова сезона, бидејќи играта истовремено стартува и во Бугарија и наскоро во Србија.

2 коментари Прочитај 17 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

Надополнето: Големиот брат ќе прислушува само со судски налог

<надополнето 15.12.10> Уставниот суд ги одби промените на Законот за електронски комуникации, односно ги поништи петте одредби кои и даваа моќ на полицијата да прислушува без судски налог. Одбиени се петте измени на член 4 (точки 47 и 48), член 112 (ставовите 7 и 8), член 114 (ставовите 7, 8 и 9), член 115 и […]

11 коментари Прочитај 16 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Софтвер

Сите детали за oхридскиот суперкомпјутер

По најразличните коментари на претходниот текст за македонскиот суперкомпјутер направен од студенти, се огласија од Охридскиот универзитет за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ и подолу ќе ги најдете сите детали и објаснувања за македонскиот суперкомпјутер кој ќе има практично претставување на 20-ти декември.

25 коментари Прочитај 15 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

UJPleaks, македонска имитација на Wikileaks?

По примерот на Wikileaks, но малко непрофесионално сработено и нарушувајќи приватност, на Facebook се појави профил „UJP Leaks" кој објави слики од наводен документ за плати од новинарите на A1 заедно со нивните матични броеви.

11 коментари Прочитај 14 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Блог ИТ.МК

Започна гласањето за ИТ Награди 2010!

Од 00.00 оваа вечер (со мало задоцнување) започна гласањето за IT.com.mk Награди 2010. Објавени се сите кандидати кои се најдоа во Листата на номинирани и кои беа пријавени во првиот циклус од Наградите, кој траеше од 1-ви ноември до 10-ти декември. Пријавени се повеќе од 220 кандидати во 3 #mkwin и 1 #mkfail категории, од […]

70 коментари Прочитај 13 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Веб ИТ.МК

Македонија според Google AutoComplete

AutoComplete опцијата на Google е алатка која ви помага „да ги одморите прстите“, да побрзо и поедноставно да дојдете до резултатот кој го барате сугерирајќи ви пребарувања слични на она што сте започнале да го пишувате, вклучувајќи ја како клучен фактор популарноста на бараното. Сите резултати кои ќе ви бидат понудени од Google AutoComplete претходно се внесени од страна на други Google корисници. Се решив да направам едно мало истражување, (инспириран од следниов линк), и да разгледам како Македонија е претставена според Googlе, односно што е она што најмногу го бараат корисниците и што е најпопуларно за секој македонски град.

1 коментар Прочитај 6 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Дали би платиле за оглас на .мк сајт за огласување?

Неодамна еден од најпопуларните .мк огласувачи Pazar3.mk започна да наплаќа за огласите кои до тогаш беа бесплатни. Оваа одлука на огласувачот наиде и на критики и на пофалби, па Goran123 на форумот објави таква тема за да ги чуе мислењата на корисниците.

3 коментари Прочитај 6 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Ќе стартува интернет телевизијата Македонија24.мк

Makedonija24.mk е моментално во тест фаза, и би требало да стартува за отприлика две недели. Телевизијата ќе биде бесплатна, ќе има 24 часа програма и ќе има емисии на барање (on-demand), вели Захарија Вулгаракис од Media Technology Group Скопје. Пример, ако сте ги испуштиле вестите ќе ви се достапни во рок од 45 минути на сајтoт за повторно гледање.

11 коментари Прочитај 4 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

eSpace, ново .мк веб списание за ИТ

Претставен е еSpace нов .мк веб магазин за информатичка технологија, кој ги обработува сите теми: хардвер, софтвер, .мк сцена, мобилни, игри... интересно заедно со Upload ова се веќе два ИТ магазини да го искористат интернетот да понудат бесплатни веб изданија, наместо да печатат на хартија и со тоа да одредуваат цена.

8 коментари Прочитај 3 декември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

E-society 2010: e-Влада, транспарентност и ефикасност

Како да се искористат е-Влада сервисите за поефикасно и потранспарентно општество? Ова е проблемот со кој се соочуваме и кој е темата на конференцијата E-Society 2010 организирана од фондацијата Метаморфозис и USAID. Презентациите и видеото од конференцијата ќе бидат објавени на официјалниот сајт, а дополнително објавена е и книга „Oснови и развој на е-влада“.

0 коментари Прочитај 1 декември, 2010
Мени
Заедница
Изглед