UJPleaks, македонска имитација на Wikileaks?

во ИТ.МК

Профилот е веднаш тргнат од Facebook по барање на Дирекцијата за заштита на лични податоци бидејќи се прикажуваат лични информации на новинари и им се нарушува приватноста. Сликите и табелите се уште можат да се најдат на Facebook.

Интересно е што Facebook се користи како платформа за објавување на овие податоци, наместо посебен сајт или медиум, исто како што претходно се објавуваа контроверзни видеа со документи на YouTube.

Се чини анонимноста која Интернетот ја пружа, дозволува да се изнесат на површина документи кои на друг начин би предизвикале штета на индивидуалците.

Но, иако по примерот на Wikileaks (претпоставка поради сличноста во името), сепак ова е непрофесионален однос, бидејќи според основачот на контроверзниот сајт, Џулијан Асанж, пред Wikileaks да објави доверливи документи ги информира засегнатите личности и организации, а во примерот со Авганистанскиот дневник дури се бараше од сајтот да ги цензурира информациите кои можат да предизвикаат лична штета.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
11 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Стефан
Стефан
11 years ago

За која приватност зборуваш? Па на интернет нема ништо веќе приватно. Малку подобро образован компјутерџија може ршум да ти направи по софтверот на компјутерот. А што се однесува до заштита на личните податоци… си е….о м……а колку се тие заштитени. Честитки само на уставниот суд што ги укинал одредбите со кои се овозможува да се прислушува по домовите и да се рчка по компјутерите.
И на крајот а зошто па да незнаеме што се случува во оваа посрана држава каде што на корупцијата и криминалот му нема крај. Матичен број….големо чудо, секој ден го давам во банка или во пошта.

@ViktrArs
11 years ago
Reply to  Стефан

Прво, проблем е веродостојноста на тие документи. Баш заради „посраната држава“ не може да откачуваме за нешто што треба да се утврди. Па што ако одредени медиуми кои се повеќе од јасно дека се контра други ги објавуваат.

Второ, кога даваш матичен број на банка, сигурно не очекуваш да го објават на постер? Туку банката ќе сноси одговорност за објавување твои податоци кои не мора секој да ги знае. За таа приватност зборувам. Денес е матичен број и индивидуална плата, утре може да биде нешто друго. Поентата е ако фирма затскрива пари, дајте да ги видиме тие информации, лични информации на вработени не мора секој да ги знае.

и btw ако „образован компјутерџија“ ти направи „ршум по софтверот“, тоа е криминално дело токму заради правило да постои приватност.

И да, се приклучвам на честитките Уставниот суд да не дозволи полициско прислушување на кого стигне.

zIWe
zIWe
11 years ago
Reply to  Стефан

Епа братко како "образован компјутерџија" земи напрај ршум кај што ќе стигнеш … и притоа како Зоро што остава едно Z како белег, ти оставај си го матичниот број :) така давање на матичен број нема така да биде веќе застрашувачко нешто… се гледа усвари дека не знаеш за што се може да се искористи, да не речам злоупотреби, еден матичен број.

Devian
Devian
11 years ago

А што сте ги размачкале пак вие?

Viktr Ars
11 years ago
Reply to  Devian

A зошто да не заштитиме нечија лична приватност? Матичен број и колку плата зема индивидуален работник воопшто не се важен фактор за да знаат сите во случај во кој се разгледува наводно нелегално работење на фирма. Барем не за јавноста да знае.

Александар
Александар
11 years ago
Reply to  Viktr Ars

А фактот дека овие ,,новинари,, свесно учествувале во извршувањето на кривично дело ,,даночно затајување,, мислиш дека не е ,,битен фактор,, што јавноста треба да го знае? Како може јас и илјадници други македонски претприемачи редовно да плаќаме данок и други придонеси на државата за вработените додека Рамковски и сличните како него да ја цицаат од секоја страна.
Нема никакво оправдување за новинарите што се прифатиле дел од парите да им се даваат на рака. Не е исто да зимаш 60 000 бруто и 60 000 нето плата.

Pavleska Daniela
11 years ago

so koe pravo?!

goce iliev
goce iliev
11 years ago

Ova e nekoj vmrovec 100%

Mario Velickovski
11 years ago

dajte link da gi vidam informaciive

Viktr Ars
11 years ago

Сигурно за да ја потврдиш точнота? :P

Mario Velickovski
11 years ago
Reply to  Viktr Ars

ехехеххехехеххехх не бе онака :) неверувам дека новинар зима 1000 евра плата :)